Разлика помеѓу преработките на „Свети Климент Охридски“

Од Православна-енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
с
 
(Не се прикажани 7 меѓувремени преработки од 2 корисници)
Ред 2: Ред 2:
 
'''Свети Климент Охридски''' е најдаровитиот ученик на рамноапостолните сесловенски браќа Кирил и Методиј. Живеел во втората половина на IX век и првата четвртина на X век. Со своите уши тој ги слушал нивните божествени евангелски зборови и со своите очи ги гледал нивните богоозарени ликови и евангелски дела.  
 
== Житие ==
+
== Кратко житие ==
  
Свети Климент се родил околу 840 година некаде во Македонија. Некои историчари сметаат дека се родил во Солун, или во неговата околина, а тоа го поврзуваат со фактот дека уште како млад бил повикан од Светите браќа Кирил и Методија во нивната мисија (што значи дека најверојатно живеел во нивна близина).
 
Ред 14: Ред 14:
 
Се трудел педесет години во извршувањето на Божјото дело и вршел чуда и за време на земниот живот. После големиот труд и верната служба на Бога, се упокоил мирно во Охрид, на 9 август 916 година. Господ го прославил со светителски ореол. Неговите земни остатоци станале чудотворни [[мошти]], од кои по Божја благодат се лекуваат низ векови многу телесно и душевно болни кои пристапуваат со вера и љубов. Неговите мошти се чуваат во охридската црква „Свети Климент“ - „Света Богородица“ - Перивлептос во Охрид.
 
Свети Климент е закрилник и патрон на македонскиот народ низ целата негова историја. Тој е патрон на Македонската Православна Црква, на Македонската Православна Богословија и Богословскиот факултет, како и на голем број просветни и научни институции во нашата земја. На него се посветени и голем број новоизградени цркви и манастири во европските и прекуокеански земји.  

== Дела ==
 
== Дела ==
Ред 31: Ред 31:
  
==Беседа за блудниот син==
 
Слушајте ја, возљубени, Божјата приказна! И да се навикнеме добро да ја вршиме неговата волја! Каков Човекољубец Бог имаме, Отец штедар кој создава се и уредува заради нашето спасение. Како некој што имал два сина, праведник и грешник и на обајцата им дал еднакво богатство, така и Он нам ни дал крштение и покајание и евангелско учење. Од нив ние се оттргнуваме како помладиот син далеку настрана од слушање на божјата Црква и расточување на божјото богатство. Живеејќи блудно ги примаме божјите зборови и светата Причест во прељуба, живееме и ја растураме благодатта што ни е дадена од Бога со зли дела и со грешни желби. Грев е кога некој од малку ќе се израдува и вечно ќе се осуди и за малку ако се израдува, вечно ќе се мачи. Но Господ Бог со својата штедрост нема да ја презре својата творба, но го очекува нашето спасение. Затоа што тој не сака никој да се потчини на ѓаволот, но на сите им пожелува спасение, учејќи нé низ овие божествени приказни. Никој да не очајува заради своето спасение, ако има многу зла,но да брза кон спасението. Овие посни денови со радост ни носат покајание, оти заради нас Тој (Христос) самиот постејќи четириесет дена ни даде пример дена ни даде пример за очистување од гревови. Па затоа да се откинеме од тие лоши дела и да се свртиме кај дарежливиот и милистив Отец. Он на сите подеднакво им е Татко и на сите еднакво им дава милост. На сите што му притекнуваат и така, слушајќи да го разбудиме срцето кон смиреност и душата кон каење. Да пролееме солзи како некогашната блудница, да се биеме в гради како митарот, да извикаме како блудниот син: "Татко, згрешив пред небото и пред тебе: театрите не се слушаат, на игралиштата има викот, на собиралиштата лоши нешта се слушаат, блуд се разоткрива; не сум достоен да се наречам твој син, не смеам со нечисти очи да гледам кон чисти, на светињата на светиите, не смеам, самиот бидејќи нечист, да пристапам кон твојата неосквернета трпеза". Така да чуеме што се зборува :"Облечете ја првата облека, направена од огнен Дух, во неа праведните сјаат!" Второто крштение и каењето се прстен на раката и печат на Светиот Дух. Со нив ангелите ги изгонија духовите; евангелското учење се обувки на нозете, со нив да се згази змиската глава. Заколете им теле гоено, пречисто меѓу пречистите, што го колат, но што не умира. За да се повеселат со сите верни, оние што им зборуваат на слугите, на архиереите и на иереите: О, голема милост и неискажана милосрдност! Оној во кого не смеат ни анелските легиони да погледнат, Него ни го заколуваат! Оној кого не смеат да го погледнат Многуочните (Херувими), Него ни го принесуваат на жртва! Жртва јадена и неизедена! Заради тоа, да ја оставиме зависта и непријателството и сите лоши дела и со љубов и со смирение да ни поминат посните денови и да ги поминеме чисти и непорочни и да пристапиме кон светата непорочна Трпеза на гоеното Теле, на Јагнето непорочно Господ Исус Христос. Тој се дал себеси да биде заклан за сиот свет. Јадејќи го Него, сите светители починуваат во Небесното Царство. Со нив да учествуваме и ние, заради Исуса Христа, нашиот Господ. Нему вечна слава, Амин.
 
== Химнографија ==
 
== Химнографија ==
 
=== Тропар ===
 
=== Тропар ===
: глас четврти
+
: ''глас четврти''
 
: Со зборови си ги упатил народите во верата Божја;
 
: Со зборови си ги упатил народите во верата Божја;
 
: со делата си се издигнал, преблажен,  
 
: со делата си се издигнал, преблажен,  
Ред 44: Ред 42:
 
: што пристапуваат верно кон тебе,
 
: што пристапуваат верно кон тебе,
 
: со знаменија си ја осветлил темнината.
 
: со знаменија си ја осветлил темнината.
: Поради тоа го славиме твојот божествен спомен, Клименте.  
+
: Поради тоа го славиме твојот божествен спомен, Клименте.
 +
 
 +
 
 +
=== Кондак ===
 +
: ''глас трети''
 +
: Твојот храм, свети, како преславен духовен лек се покажа
 +
: на оние кои со вера пристапуваат, зашто мнозина од различни болести избави
 +
: и секакви душевни страсти смири.
 +
: Поради тоа, себлажени, топло те нарекуваме застапник.
  
== Видете исто така ==
 
== Видете исто така ==
Ред 52: Ред 58:
  
== Надворешни врски ==
 
== Надворешни врски ==
 +
===Дела===
 +
* [http://agapi.mk/sveti-kliment-slovo-za-svetite/ Општо слово за светите, Св. Климент Охридски]
 +
* [http://agapi.mk/kliment-ohridski-pohvala-za-lazar/ Похвала за Четиридневниот Лазар, Св. Климент Охридски]
 +
* [http://agapi.mk/kliment-ohridski-slovo-za-veliki-cetvrtok/ Слово за Велики Четврток, Св. Климент Охридски]
 +
* [http://agapi.mk/pohvalno-slovo-kiril-i-metodij/ Похвално слово за светите и преславни учители на словенскиот народ, Св. Климент Охридски]
 +
* [http://agapi.mk/pohvalno-slovo-ragjanje-jovan-krstitel/ Второ похвално слово за раѓањето на св. Јован Крсител, Св. Климент Охридски]
 +
* [http://agapi.mk/pohvalno-slovo-sveti-prorok-ilija/ Похвално слово за свети пророк Илија, Св. Климент Охридски]
 +
===За Свети Климент===
 
* [http://mpc.org.mk/Kalendar/prolog.asp?id=1641 Од Прологот на страницата на МПЦ]
 
* [http://mpc.org.mk/Kalendar/prolog.asp?id=1641 Од Прологот на страницата на МПЦ]
 +
* [http://ortos.wordpress.com/2008/12/07/%D1%81%D0%B2%D0%B5%D1%82%D0%B8-%D0%BA%D0%BB%D0%B8%D0%BC%D0%B5%D0%BD%D1%82-%D0%BE%D1%85%D1%80%D0%B8%D0%B4%D1%81%D0%BA%D0%B8/ Блог Свиток - Свети Климент Охридски]
 
* [http://www.m-p-c.org/Istorija/Sv-Kliment.htm Од старата страница на АКМПЕ МПЦ]
 
* [http://www.m-p-c.org/Istorija/Sv-Kliment.htm Од старата страница на АКМПЕ МПЦ]
 
* [http://www.mpc.org.mk/MPC/istorija.asp Историја на МПЦ]
 
* [http://www.mpc.org.mk/MPC/istorija.asp Историја на МПЦ]
Ред 59: Ред 74:
 
* [http://www.pravoslavieto.com/life/11.25_sv_Kliment_Ohridski.htm Св. Климент Охридски (бугарски јазик)]
 
* [http://www.pravoslavieto.com/life/11.25_sv_Kliment_Ohridski.htm Св. Климент Охридски (бугарски јазик)]
  
[[Категорија:Светци]]
+
[[Категорија:Македонски светители]]
[[Категорија:Македонски светци]]
 
Последна преработка од 16:54, 5 август 2013

Свети Климент Охридски

Свети Климент Охридски е најдаровитиот ученик на рамноапостолните сесловенски браќа Кирил и Методиј. Живеел во втората половина на IX век и првата четвртина на X век. Со своите уши тој ги слушал нивните божествени евангелски зборови и со своите очи ги гледал нивните богоозарени ликови и евангелски дела.

Кратко житие

Свети Климент се родил околу 840 година некаде во Македонија. Некои историчари сметаат дека се родил во Солун, или во неговата околина, а тоа го поврзуваат со фактот дека уште како млад бил повикан од Светите браќа Кирил и Методија во нивната мисија (што значи дека најверојатно живеел во нивна близина).

Подоцна, тој учествувал и во преведувањето на светите богослужбени книги од грчки на црквенословенски јазик. Заедно со светите браќа отпатувал во Панонија и Моравија, каде живо учестувал во мислијата за словенска богослужба и словенско Православие. Бил еден од истакнатите учители на младенците од Моравија и Панонија, кои се подготувале за свештеници и ѓакони. По смртта на своите свети учители, под притисок на Германците, а по Божја промисла, заедно со другите ученици (Горазд, Наум, Сава и Ангелариј - заедно наречени Петочисленици од Моравија тргнале на југ, како гостин при кнезот свети Борис Михаил и потоа дошол во охридскиот крај, за да го учи својот народ на божјите вистини. Таму св. Климент прво основал манастир во Белица, кај што му било и првото епископско седиште. Подоцна се преселил во Охрид и оттаму развил голема архипастирска и просветителска дејност за целата поблиска и подалечна околина. Неуморно одел од село до село, од град до град и на разбирлив народен јазик со своите боговдахновени проповеди го разгонувал мракот од умот и срцата на своите сонародници. Често говорел за тоа дека нема добродетелен христијански живот без чисто верско-догматско учење и дека најчистото догматско учење не е спасоносно ако не е проследено со богоугоден добродетелен живот. Првото го споредувал со слепец кој има раце и нозе, а второто со човек што има раце и нозе, а нема очен вид. Во Охрид Свети Климент му подигнал црква на Свети Пантелејмон.

Бидејќи бил свесен за тоа оти со својот жив говор може да допре само до своите слушатели, а не до целиот народ и генерациите што ќе дојдат по него, тој основал универзитет во Охрид, прв од таков вид не само на Балканот, туку и во целиот тогашен словенски свет. Низ оваа висока просветна богословска институција, во текот на триесет години, поминале околу 3.500 ученици, на кои им биле откриени длабоките вистини на Светото Писмо и на Светото Предание. Никој никогаш не го видел Св. Климент да се одмора, туку напротив - постојано бил зафатен со работа: на едни им ги покажувал буквите, на други им ја држел раката при пишувањето, а на трети им ја објаснувал длабоката смисла на напишаното. Честопати вршел и две работи одеднаш: и деца учел, и книги пишувал. Поголемиот дел од своето време го употребувал за молитва и богомислие. Тој знаел, а и другите постјано ги учел, дека мрзливоста е мајка и учителка на секое зло. Особено настојувал да ја искорени мрзливоста, да ги навикне луѓето на работа, да ги скроти и спитоми жестоките срца, да ги приведе кон покајание и да ги исполни со вистинско знаење за Бога и за блажениот живот на праведниците во царството небесно. Неговиот труд не останал без плод: учениците негови напредувале и во знаење, и во добродетелен живот.

Неговата слава сѐ повеќе растела и гласот за овој голем духовник и проповедник се слушал на далеку. Затоа бил хиротонисан за прв епископ словенски. Тогаш ги зголемил уште повеќе своите грижи и трудови за доброто и душевното спасение на своите духовни чеда. Во неговото житие се вели дека не им давал сон на своите очи, ниту дремка на своите веѓи. Учел и дење и ноќе, утврдувајќи ги верните во вистините на христијанската вера и богоугодие. Се грижел и за телесната храна на сиромашните, вдовиците и сираците. Напишал беседи на сите неделни и празнични денови на прост и јасен јазик, така што секој можел да ги разбере вистините кои ги учел.

Се трудел педесет години во извршувањето на Божјото дело и вршел чуда и за време на земниот живот. После големиот труд и верната служба на Бога, се упокоил мирно во Охрид, на 9 август 916 година. Господ го прославил со светителски ореол. Неговите земни остатоци станале чудотворни мошти, од кои по Божја благодат се лекуваат низ векови многу телесно и душевно болни кои пристапуваат со вера и љубов. Неговите мошти се чуваат во охридската црква „Свети Климент“ - „Света Богородица“ - Перивлептос во Охрид.

Свети Климент е закрилник и патрон на македонскиот народ низ целата негова историја. Тој е патрон на Македонската Православна Црква, на Македонската Православна Богословија и Богословскиот факултет, како и на голем број просветни и научни институции во нашата земја. На него се посветени и голем број новоизградени цркви и манастири во европските и прекуокеански земји.

Дела

Покрај црковните и педагошките дејности, особено учителско проветителски, Свети Климент развил и богата книжевна дејност. Автор е на многу поучни и похвални слова како похвалата на Кирил Филозоф, похвалата на пророкот Захариј и св. Јован Крстител, за свети Кирил и Методиј итн. Но, во неговото творештво преовладуваат поучителните слова кои се однесуваат на општохристијанските светители: Св.Ѓорѓи, Св.Тома, Св.Антониј, потоа слова посветени на Пресвета Богородица и слова посветени за настаните од животот на Господ Исус Христос.

Св. Климент бил и првиот епископ словенски со титула епископ велички.

  • Похвала на Кирил Филозоф
  • Похвала на словенските учители Кирил и Методиј
  • Од опширното житие на Кирил Филозоф
  • Од опширното житие на архиепископот моравски Методиј
  • Похвално слово на бестелесните Михаил и Гаврил
  • Похвално слово за четиридневниот Лазар
  • Беседа за блудниот син

Химнографија

Тропар

глас четврти
Со зборови си ги упатил народите во верата Божја;
со делата си се издигнал, преблажен,
кон божествен и блажен живот.
Со чудеса си ги просветил оние
што пристапуваат верно кон тебе,
со знаменија си ја осветлил темнината.
Поради тоа го славиме твојот божествен спомен, Клименте.

Кондак

глас трети
Твојот храм, свети, како преславен духовен лек се покажа
на оние кои со вера пристапуваат, зашто мнозина од различни болести избави
и секакви душевни страсти смири.
Поради тоа, себлажени, топло те нарекуваме застапник.

Видете исто така

Надворешни врски

Дела

За Свети Климент