Архиепископ Охридски и Македонски Стефан

Од Православна-енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Господин Господин Стефан (р. 1 мај 1955 како Стојан Вељановски во с. Добрушево) е Поглавар на Македонската Православна Црква. Неговата полна титула е Архиепископ Охридски и Македонски и Митрополит Скопски.

Во 1969 се запишува на Македонска Православна Богословија Св. Климент Охридски во Скопје и завршува во 1974. Истата година се запишува на Теолошкиот Факултет во Белград каде дипломира во 1979. По неговото враќање Светиот Архиерејски Синод на Македонската Првославна Црква го назначува за учител во Македонската Православна Богословија „Св. Климент Охридски“. Во 1980 се запишува на постдипломски студии во Институтот „Св. Никола“ во Бари, Италија кој се специјализира во патријаршиски и Византиски студии. Во 1982 тој дипломира на Институтот.

По враќањето во Македонија тој станува професор на Православниот Богословски Факултет Св. Климент Охридски, Скопје. Се замонашува во манастирот Св. Наум, Охрид на 3 јули 1986, а на 12 јули е именуван Митрополит Струмички, а кратко по тоа именуван за поглавар на Брегалничката Епархија.

Во наредните години тој работи како декан на Богословскиот Факултет во Скопје, портпарол на Светиот Архиерејски Синод на МПЦ, како главен уредник на црковниот весник „Црковен Живот“ и главен секретар на Архиепископот Охридски и Македонски.

Во Охрид од 9-10 Октомври, 1999 Црковното Нацинолано Собрание (составено од духовни и световни членови) избран е за поглавар на Македонската Православна Црква. И покрај 44 годишната возраст на г.г. Стефан, МПЦ ја вложи својата доверба во неговата интелектуална и морална зрелост.

Извор