Полошко-Кумановска Епархија

Од Православна-енциклопедија
Преработка од 13:41, 4 септември 2009; направена од Iacovibus (разговор | придонеси) (New page: '''Полошко - кумановската епархија''' го зафаќа северозападниот дел од Република Македонија и е дел од ...)
(разл) ← Претходна преработка | Последна преработка (разл) | Следна преработка → (разл)
Прејди на: содржини, барај

Полошко - кумановската епархија го зафаќа северозападниот дел од Република Македонија и е дел од живиот организам на Македонската Православна Црква.

Нејзин надлежен епархиски архиереј е Митрополитот Кирил од 1971 година, па сè до денес.

Епархијата се состои од пет aрхиерејски намесништва, во кои има 202 цркви, 28 манастири, 54 параклиси и 194 места каде се поставени крстови, а на кои во годината по разни поводи се собираат голем број верници.

Најпознати манастири

Епархијата обединува околу 200.000 верници, православни христијани. Преку петте архиерејски намесници и преку црковните и манастирските настојателства, се координираат работите на црковно-духовен и финансиско-материјален план на целиот нејзин простор. Административно-организационата дејност се извршува од страна на надлежниот митрополит г. Кирил и секретарот на истата, протоѓагонот Вичко Гочевски.

Оваа Епархија има над 40 активни свештеници и неколку умировени.

Изградени 26 цркви, 11 манастири, 69 обновени и изградени објекти за крштевки и парастоси. Над поголем број цркви и манастири се извршени сеопфатни санациони и реставраторски работи.