Разлика помеѓу преработките на „Кинонија“
с |
с |
||
Ред 1: | Ред 1: | ||
− | '''Кинонија''' (гр. κοινονια, лат. comunicatio, причестување, заедница) – има повеќе | + | '''Кинонија''' (гр. κοινονια, лат. comunicatio, причестување, заедница) – има повеќе значења: |
#Учествување на оние кои се вотеловлени во нов народ Божји во самата божја стварност, низ Воплотуањето и жртвата на [[Господ Исус Христос|Исуса Христа]]: „што сме виделе и чуле, вам ви го објавуваме, за да и вие со нас имаете заедница(κοινονια), на нашата заедница(κοινονια)е со [[Бог Отец|Оца]] и со Синот негов Исус Христос“(1. Јн. 1,3). | #Учествување на оние кои се вотеловлени во нов народ Божји во самата божја стварност, низ Воплотуањето и жртвата на [[Господ Исус Христос|Исуса Христа]]: „што сме виделе и чуле, вам ви го објавуваме, за да и вие со нас имаете заедница(κοινονια), на нашата заедница(κοινονια)е со [[Бог Отец|Оца]] и со Синот негов Исус Христос“(1. Јн. 1,3). |
Преработка од 04:58, 8 август 2011
Кинонија (гр. κοινονια, лат. comunicatio, причестување, заедница) – има повеќе значења:
- Учествување на оние кои се вотеловлени во нов народ Божји во самата божја стварност, низ Воплотуањето и жртвата на Исуса Христа: „што сме виделе и чуле, вам ви го објавуваме, за да и вие со нас имаете заедница(κοινονια), на нашата заедница(κοινονια)е со Оца и со Синот негов Исус Христос“(1. Јн. 1,3).
- Заедницата на Духот Свет (2. Кор. 13,13), или личното и заедничкото искуство на Духот Христов, кое се пројавува во христијанското чувствуваење на човекољубието, солидарноста, взаемното помагање и давање (Дела 2,42,44).
- Причествањето со Светите Тајни во состав на Евхаристијата (1. Кор. 10,17; Дела 2,42), знака на припадност и исповедање на иста вера(Еф. 4,5).
- Собирањето(συναξις), литургиската заедница, соборот, кој е услов да се учествува во кинонијата.
- „Заедница на светите“, што го напомнува апостолскиот Символ на верата, е единство на Црквата на оние кои водат борба против злото во ова време и овој век, со Црквата на оние кои веќе конечно стекнале благодатна состојба и непосредна заедница со Бога.
- Евхаристиското причестување (взаемното причестување) со верните од другите конфесии. Следејќи го древното начело по кое, исповедањето на иста вера претходи и условува на светотаинско причестување (Теодорит, Црквена историја, IV, 16; стр. 119), Православието бара потполно догматско единство пред (претходувајќи на) евхаристиската интеркомунија.