Ипостас

Од Православна-енциклопедија
Преработка од 10:12, 29 мај 2009; направена од Iacovibus (разговор | придонеси) (New page: {{никулец}} '''Ипостас''' (грч: ύπόστασις - лице), е израз со кој во Православната Црква се определува особен...)
(разл) ← Претходна преработка | Последна преработка (разл) | Следна преработка → (разл)
Прејди на: содржини, барај
Оваа статија е никулец (односно има потребна од понатамошно уредување и обработка). Помогнете да ја прошириме оваа статија.

Ипостас (грч: ύπόστασις - лице), е израз со кој во Православната Црква се определува особеноста на секое од Лицата во Пресвета Троица - Отецот, Синот и Светиот Дух. Во грчката философија, овој израз бил секогаш нераскинливо поврзан со изразот суштина (ουσία), што било причина за сите полемики и догматски разотидувања околу Света Троица сѐ до 4 век, кога свети Атанасиј Велики и Кападокиските Отци конечно го формулираат терминот испостас. На Соборот во Александрија во 362 година, на барање на свети Атанасиј Велики, дадена е следната дефиниција: Изразот ουσία (суштина) го означува она што е заедничко за сите три лица на Света Троица, а изразот ύπόστασις (лице), го означува она што е троично во суштината.

Држејќи се до оваа терминологија, отците на Вториот вселенски собор (Цариград, 381), во посланието до Римската Црква, ја искажуват својата вера во Света Троица: Црквата верува во единиот Бог (во една суштина), која е во три совршени ипостаси. Овие три ипостаси - Отец, Син и Свет Дух, во Света Троица имаат една и иста суштина, и од тука Православната теологија ги поставува единството и троичноста Божја на исто ниво. Разликата меѓу божествените ипостаси (лица) се заснова само на разликата на нивните лични својства, кои треба да се гледаат во перихореза на својствата.