Велики Четврток

Од Православна-енциклопедија
Преработка од 22:33, 21 април 2011; направена од Iacovibus (разговор | придонеси) (Надворешни врски)
(разл) ← Претходна преработка | Последна преработка (разл) | Следна преработка → (разл)
Прејди на: содржини, барај

Во четвртокот пред Пасха, односно Велики Четврток (грч: Μεγάλη Πέμπτη), Господ Исус Христос се враќа во Ерусалим каде ја востановува Новозаветната Пасхална жртва. Црквата на овој ден си споменува за светото миење на нозете, Тајната вечера, предавањето на страшните тајни, Првосвештеничката натприродна молитва, и самото предавство на Синот Божји, кое впрочем треба да се случи денес, за еврејската пасха (Јагнето Божје) следниот ден (Велики Петок) да може да биде жртвувана.

Повеќето куќи во еврејската земја во христово време изгледале како коцка, врз која е сместена една помала коцка. Според оваа архитектура, најчесто во горниот дел се поставувала гостинската соба. Во една таква соба, Христос, заедно со Своите ученици ја јадел последната пасхална вечера за празникот Бесквасници. Пред самата вечера Тој ја препашал Својата риза и им ги измл нозете на Своите ученици, поучувајќи ги на тој начин на понизност и љубов, давајќи им нова заповед на љубовта: „Оваа заповед ви ја давам: да се љубите еден со друг.“ (Јован 15,17)

Тоа од Него избрано проштално јадење била всушност, пасхалната вечера, која била спомен на ослободувањето од Египет, обред пропратен со молитви, раскажување на настанот, славословење на Бога, псалмопеење - односно оброк на благодарење. Но самата старозаветна жртва ја нема моќта за очистување од прародителскиот грев, и таа е само праслика, сенка која укажува на грешноста, како и копнежот за искупување, и навестување за тоа што треба да се случи во иднината, Великата Жртва на помирувањето - Господ Исус Христос. На Тајната вечера, Христос Се објавува Себе како Новозаветна Пасхална жртва, како Божјо Јагне кое Се жртвува за простување на гревовите, и така ја дава наредбата лебот да се јаде и виното да се пие во Негова чест. Оваа чиста жртва која и ден денешен се извршува преку Светата Литургија, a со тоа и Евхаристија, ги поврзува сите христијани во едно - Нов Завет во Негова крв. Потоа Христос ја изговара Својата молитва, наречена уште и првосвештеничка, преку која се обраќа кон Отецот да ги зачува сите оние кои веруваат во Него, и љубовта со која Отецот Го љуби Синот да биде и во нив.

По вечерата, Христос и Неговите ученици заминуваат во Маслиновата гора, на Гетсеманската градина, каде Тој се моли на Отецот, а учениците се надвасани од сонот. Во меѓувреме, Јуда Искариот (претходоно договорен со старешините), ги доведува војниците да Го фатат Исуса. Го предава со бакнеж, оти таков бил договорот за тие да Го препознаат меѓу другите. Тогаш Петар го вади својот нож и го пресекува увото на слугата на првосвештеникот, чие име било Малх. Исус му го исцелува увото на Малха, и го прекорува Петра велејќи му „сите кои се фаќаат за нож, од нож ќе изгинат.“

И сето тоа се случи за да се исполни Писмото.

Евангелското читање на светата Василеева Литургија на овој ден се состои од описите на Тајната вечера од четворицата Евангелисти. При Великиот Вход се чита молитвата пред Света Причест („На Твојата Тајна вечера“). Истата молитва се чита и при причестувањето на клирот во олтарот, и верните во храмот.

Нов Завет

  • Утрена: Лука: 22:1-39
  • Василеева Литургија:
    • Апостол: 1 Коринтјани 11:23-32
    • Евангелие: Матеј 26:1-20; Јован 13-3:17; Матеј 26:21-39; Лука 22:43-45; Матеј 26:40-27:2

Стар Завет

  • Час први: Јеремија 11:18-12:5, 9-11, 14-15
  • Вечерна: Исход 19:10-19; Јов 38:1-23, 42:1-5; Исаија 50:4-11

Химнографија

Тропар

Кога славните ученици на миењето пред вечерата се просветуваа,
тогаш Јуда злочестивиот од среброљубие боледувајќи - се помрачуваше,
и на беззаконни судии Тебе праведниот Судија те предава.
Види ги, љубителу на имотност, оние што заради тоа се самоубија!
Бегај од ненаситност, душо, против Учителот со тоа дрзнувајќи:
Ти кој за сите си Добар, Господи, слава Ти.

Видете исто така

Надворешни врски