Разлика помеѓу преработките на „Аудијанизам“

Од Православна-енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
(New page: '''Аудијанизам''' е ерес која потекнува од четвртиот век, а која името го добила од основачот на учењет...)
 
(нема разлика)

Последна преработка од 17:18, 10 март 2010

Аудијанизам е ерес која потекнува од четвртиот век, а која името го добила од основачот на учењето, Аудиј (Авдиј). Нивното верување го вклучувало антропоморфизмот (верувањето дека Бог има човечки облик) и квартодециманизмот (празнувањето на Христовата смрт на ист ден со еврејската Пасха). Во 325 година, на Првиот вселенски собор, квартодециманизмот бил отфрлен. Аудијанците, сепак, продолжиле со таа еретичка пракса.