Првите пет земји со најголем број на православни верници во светот се: Русија, Романија, Грција, Србија и Бугарија.
Светиот апостолУрбан, еден од седумдесетмината Христови ученици, бил поставен за епископ на Македонија од страна на светиот апостол Андреј Првоповикан.
Светиот Нифонт II Константинополски три пати бил избран за архиепископ Константинополски, а неговата служба траела само четири години, односно прв пат од 1486 до 1488 и втор пат од 1497 до 1498. Кога по трет пат го избрале за архиепископ, светиот Нифонт одбил и се повлекол во манастирот Дионисијат на Света Гора.
Шестиот вселенски собор (наречен и Трет Цариградски собор) траел речиси 11 месеци, и тоа од 7 ноември 680г. до 16 септември 681г. На него биле присутни околу 174 епископи, а била осудена монотелитскатаерес која се појавила и раширила педесет години порано.
Познатиот црковен историчар Евсевиј, еп. Кесариски бил роден во Палестина, а се школувал во Ерусалим и Антиохија.
Прв епископ Ерусалимски бил св. праведен Јаков, брат Господов, кој истовремено бил еден од седумдесетемина апостоли.
Синајскиот манастир на св. вмч-чка Екатерина бил изграден од страна на св. цар Јустинијан I, на местото на кое, според библиското предание, на Мојсеј му се јавил Бог и му ги предал десетте заповеди.