Разлика помеѓу преработките на „Свети Гаврил Лесновски“
с |
с |
||
Ред 1: | Ред 1: | ||
+ | [[Слика:Sv.Gavril_Lesnovski.jpg|right]] | ||
'''Преподобен Гаврил Лесновски''' e македонски подвижник чиј спомен се празнува на 28 (14 ст. ст.) јануари. Се подвизувал во 10 век на Лесновската Гора кај Кратово, каде што изградил црква во чест на Св. Архангел Михаил. Бил чудотворец за време на животот и по упокојувањето. | '''Преподобен Гаврил Лесновски''' e македонски подвижник чиј спомен се празнува на 28 (14 ст. ст.) јануари. Се подвизувал во 10 век на Лесновската Гора кај Кратово, каде што изградил црква во чест на Св. Архангел Михаил. Бил чудотворец за време на животот и по упокојувањето. | ||
Последна преработка од 09:30, 28 јануари 2010
Преподобен Гаврил Лесновски e македонски подвижник чиј спомен се празнува на 28 (14 ст. ст.) јануари. Се подвизувал во 10 век на Лесновската Гора кај Кратово, каде што изградил црква во чест на Св. Архангел Михаил. Бил чудотворец за време на животот и по упокојувањето.
Кратко житие
Свети Гаврил Лесновски се родил во местото Осечко Поле кај Крива Паланка. Неговите родители биле имотни луѓе и биле блиски до царските советници. Тие долго време немале деца, но по нивните молитви милостивиот Бог ги дарувал со машко чедо. Детето добило соодветно образование и брзо напредувало во православната вера ин е се одделувало од Светото Писмо. Кога дошло време да се жени, родителите му нашле девојка од царски род, но таа набргу починала. Тогаш Гаврил ги замолил да се оддалечи од домот и да се замонаши. Тој добил благослов и заминал. По патот се сретнал со некој ѓакон по име Тома и со него го продолжил патот. Преку ноќ на сон му се јавил Ангел Господен кој му рекол да оди во своето родно место и да изгради храм на Рождеството Богородично на местото кое ќе му го покаже. Откако се разбудил тој се вратил назад и им раскажал на своите родители за сонот, а тие му дале пари и тој го изградил храмот.
Преподобниот заминал за Лесновскиот манастир и по големи искушенија, игуменот го замонашил и со негов благослов тој заминал на подвиг во некој скит во долината кон Злетово. Постојаните посети од луѓето го натерале светителот повторно да отиде оттаму и се преселил во местото Луково во една мала шума. Таму тој не бил вознемируван, но еднаш се случило да помине некој козар со своите кози. Кога го видел козарот како се моли, го замолил свети Гаврила да му ги излечи козите кои биле болни. Светителот му рекол на козарот да не се грижи и кога видел во една дупка во камен дека има собрано дождовница, се помолил, ја прекрстил водата и му дал на козарот да ги попрска козите. Тогаш тие навистина оздравеле. По ова, свети Гаврил заминал уште подлабоко во дивината и кога дошол до некое место Облов врв таму се населил и поживеал уште триесет години. На тоа место тој го завршил својот свет живот и се претставил на Господа.
Никој не знаел каде се неговите мошти сѐ додека на сон не му се јавил на еден руски монах Јосиф кој се подвизувал во Софија. Тој му се јавил на сон и му кажал да оди на Облов врв и да ги земе неговите мошти. Монахот мислел дека е прелест сѐ додека по трет пат не му се јавил и тогаш монахот отишол кај Митрополитот и му го раскажал сонот. Митрополитот се распрашал за местото Облов врв, но никој во епархијата не знаел за такво место. Потоа Митрополитот испратил посланија до блиските епархии, прашувајќи ги епископите дали имаат таков рид во своите епархии. Набрзо пристигнал потврден одговор од Злетово. Митрополитот, со Јосиф и неколку свештеници заминал во Злетово и ги побарал моштите на Облов врв. Тие не можеле да ги најдат додека повторно не се јавил Преподобниот и им го покажал местото. Утредента моштите биле пронајдени и погребани во Лесновскиот манастир.
Забележани се многу исцелувања на овој гроб исто како и победата на некој кнез Михаил против Мавраган, повторно по застапништво на свети Гаврил. Деспотот Јован Оливер изградил нова велелепна црква на тоа место која и сега постои. Кога царот Мурат освојувал, од страв да не бидат уништени, трновскиот патријарх ги зел моштите кај себе во Трново каде и останале, во храмот на Св. Апостоли.