Разлика помеѓу преработките на „Свети Григориј Богослов“
(New page: right|thumb|Свети Григориј Богослов Свети Григориј Богослов, познат и како Григориј Наз...) |
|||
Ред 1: | Ред 1: | ||
[[Image:Gregory the Theologian.jpg|right|thumb|Свети Григориј Богослов]] | [[Image:Gregory the Theologian.jpg|right|thumb|Свети Григориј Богослов]] | ||
− | Свети Григориј Богослов, познат и како Григориј Назијанзанин (иако тоа има всушност повеќе се однесува на неговиот татко) и Григориј Помладиот, е еден од најголемите богоносни отци и учители на светата [[Православна Црква]]. Неговиот спомен се празнува на 7 февруари (25 јануари), а преносот на неговите мошти на 1 февруари. Заедно со [[свети Василиј Велики]] и [[свети Јован Златоуст]], вброен е во светите Три Патријарси кои се празнуваат на [[12 февруари]]. Свети Григориј Богослов е исто така познат и како еден од [[Кападокиски отци|Кападокиските отци]]. | + | '''Свети Григориј Богослов''', познат и како Григориј Назијанзанин (иако тоа има всушност повеќе се однесува на неговиот татко) и Григориј Помладиот, е еден од најголемите богоносни отци и учители на светата [[Православна Црква]]. Неговиот спомен се празнува на 7 февруари (25 јануари), а преносот на неговите мошти на 1 февруари. Заедно со [[свети Василиј Велики]] и [[свети Јован Златоуст]], вброен е во светите Три Патријарси кои се празнуваат на [[12 февруари]]. Свети Григориј Богослов е исто така познат и како еден од [[Кападокиски отци|Кападокиските отци]]. |
==Житие== | ==Житие== |
Преработка од 11:47, 22 март 2009
Свети Григориј Богослов, познат и како Григориј Назијанзанин (иако тоа има всушност повеќе се однесува на неговиот татко) и Григориј Помладиот, е еден од најголемите богоносни отци и учители на светата Православна Црква. Неговиот спомен се празнува на 7 февруари (25 јануари), а преносот на неговите мошти на 1 февруари. Заедно со свети Василиј Велики и свети Јован Златоуст, вброен е во светите Три Патријарси кои се празнуваат на 12 февруари. Свети Григориј Богослов е исто така познат и како еден од Кападокиските отци.
Житие
Свети Григориј Богослов е роден околу 330 г. во гратчето Аријанз, Кападокија - Мала Азија. Неговиот татко, Григориј Назијанзин постариот во младоста припаѓал на малкупознатата секта испистарии, во која елементите на паганството биле помешани со јудаизмот: следбениците на тоа учење го отфрлале идолопоклонството и принесувањето жртви, но му се поклонувале на огнот и на светилата, ја почитувале саботата, но го отфрлале обрезанието. Подоцна, главно под влијание на сопругата, тој ја примил христијанската вера и им се обратил на отците на Никејскиот Собор во 325 година со молба да ја прими светата тајна Крштение, и бил крстен од архиепископот Кападокиски Леонтиј. Набргу бил избран за презвитер, а потоа и за епископ на Назианз, како наследник на Леонтиј. Тој мошне долго управувал со епархијата, покажувајќи кроткост како пастир и строгост како администратор. Мајкта на свети Григориј, Нона, не само што била сотрудничка, туку и предводничка на својот сопруг: потчинувајќи му се во семејните работи, таа му била „учителка“ на Григориј во побожноста. Таа постела и ги минувала вечерите во молитва, се занимавала со добротворна активност, станувајќи покровителка на вдовици и на сираци.Таа имала решавачка улога во христијанското воспитување на своите деца - Григориј помладиот, Кесариј и Горгониј. Според сведоштвото на самиот Григориј помладиот, тој се родил благодарение на мајчината молитва: таа силно сакала да има син, и за тоа горливо Го молела Бога, давајќи завет дека ќе Му го посвети својот првенец. Еднаш во сон таа го видела идното момче и го слушнала неговото име.
Идниот светител стекнал блескаво образование, коешто започнало во Назианз, кадешто Григориј учел заедно со Кесариј. Потоа тој го посетувал школото во „митрополијата на науките“ Кесарија Кападокиска, кадешто за прв пат се сретнал со свети Василиј Велики. Реториката ја изучувал во „палестинските школи коишто во тоа време биле во процут“, односно во Кесарија Палестинска. Григориј, исто така, „вкусил нешто од словесноста“ во Александрија, којашто ја нарекувал „лабораторија на сите науки“. Како во Александрија, така и порано во Кесарија Палестинска Григориј можел да се запознае со литературното наследство на Ориген, којшто предавал во двете училишта; во Александрија Григориј имал можност да се среќава со свети Атанасиј Велики, а исто така и да слуша лекции на прочуениот егзегет Дидим. За време на своето обучување во кападокиските школи, Григориј морал да го мине курсот кој приближно соодветствува на денешното основно и средно образование. Наставата во почетната („граматичка“) школа вклучувала изучување на алфавитот и аритметиката, читање на глас, писмени вежби, учење напамет на фрагменти од делата на древните поети, пред сè на Хомер, толкување на научените текстови. Курсот на средното образование вклучувал во себе математика, геометрија, астрономија и теорија на музиката, кон што можеле да се додадат и други предмети, меѓу кои и медицната. Реториката и софистиката се однесувале на сферата на високото образование. Можно е да се претпостави дека во Кесарија Палестинска и во Александрија Григориј го започнал своето универзитетско образование, коешто потоа го продолжил во Атина. Љубовта на Григориј спрема ученоста, особено спрема словесните науки и философијата, била исто толку силна како и неговата предаденост на христијанската вера. Ценејќи ја високо античката култура, тој сепак на прво место ги ставил „вистинските науки“ т.е. христијанското учење.
По враќањето во татковината, речиси против своја воља и по долго колебање, ракоположен е за презвитер во Назијанз од страна на татка си. На Пасха 362 г., ја превзема пастирската должност во градот, и во таа прилика го изговара знаменитото слово – „Кон светата Пасха и за колебањето“, поместено во овој број на нашата периодика. Во екот на борбата со аријанската ерес поставен е за епископ по залагање на свети Василиј, а по неговата смрт, повикан е да го брани Православиео во Цариград, кадешто во тоа време непопречувано царувала ереста поткрепена од државната власт. Според зборовите на самиот свети Григориј – „Црквата беше без пастир, Доброто на сите страни се уништуваше, додека злото нараснуваше. Требаше да се плови ноќе, а никаде светилник.“ Според сопственото признание тој таму не наоѓа „паства, туку мали трагови или остатоци од паства, без било каков поредок, без надзор, без меѓи…“ Свети Григориј почнува да проповеда во приватен дом на некои свои роднини, кој подоцна го преуредува во храм под името „Анастасија“, во знак на воскресението на православието. Во таа прилика ги произнесува своите славни беседи „За богословието“. Аријанците под закрила на власта реагирале бурно. На свети Григориј му праќале убијци, толпата упаѓала во неговиот храм, го гаѓале со камења. А, згора на сè, неговите противници го обвинувале за нарушување на јавниот мир. Но конечно, благодарение на проповедничките усилби на свети Григориј Богослов, Православието торжествува во Константинопол и бидува укрепено на Вториот Вселенски собор од 381 г., во чијашто работа учествува и самиот тој.
При крајот на животот ги напушта епископските должности и си ја исполнува дамнешната мечта - се предава на богосозерцателен живот, патувајќи по пустините и монашките обители. Се упокојува во 389 г. Позначајни негови дела што дошле до нас се: 45-те Беседи, со непроценлива вредност за богословието на Црквата, бројните писма и поетските творби.
Химнографија
Тропар
- глас први
- Пастирското свирало на твоето Богословие
- ги победи трубите на риторите,
- бидејќи длабочините на духот ги истражи,
- и убавината на говорот ти беше додадена.
- Но, моли го Христа Бога, отче Григорие,
- да бидат спасени нашите души.
Кондак
- глас трети
- Со твојот Богословски јазик риторските вештини ги разурна, славен,
- со одеждата на православието, одгоре исткаена, ја украси Црквата,
- која што и носејќи ја, со нас, твоите чеда, извикува:
- радувај се, отче, на Богословието ум извонреден.
Извори
- „Источните отци на IV-от век“, отец Георгиј Флоровски
- „Животот и учењето на св. Григориј Палама“, епископ Иларион Алфеев