Разлика помеѓу преработките на „Полошко-Кумановска Епархија“
с |
с |
||
Ред 1: | Ред 1: | ||
− | '''Полошко - кумановската епархија''' го зафаќа северозападниот дел од | + | '''Полошко - кумановската епархија''' го зафаќа северозападниот дел од Република Македонија и е дел од живиот организам на [[Македонска Православна Црква|Македонската Православна Црква]]. |
Нејзин надлежен епархиски архиереј е [[Митрополит Кирил|Митрополитот Кирил]] од 1971 година, па сè до денес. | Нејзин надлежен епархиски архиереј е [[Митрополит Кирил|Митрополитот Кирил]] од 1971 година, па сè до денес. |
Преработка од 13:43, 4 септември 2009
Полошко - кумановската епархија го зафаќа северозападниот дел од Република Македонија и е дел од живиот организам на Македонската Православна Црква.
Нејзин надлежен епархиски архиереј е Митрополитот Кирил од 1971 година, па сè до денес.
Епархијата се состои од пет aрхиерејски намесништва, во кои има 202 цркви, 28 манастири, 54 параклиси и 194 места каде се поставени крстови, а на кои во годината по разни поводи се собираат голем број верници.
- Архиерејско намесништво Тетово: 72 цркви, 10 манастири, 6 параклиси и еден крст.
- Архиерејско намесништво Гостивар: 45 цркви, 6 манастири, 20 параклиси и 4 крстови.
- Архиерејско намесништво Куманово: 60 цркви, 8 манастири, 12 параклиси и 120 крстови.
- Архиерејско намесништво Кратово: 12 цркви, 3 манастири, 9 параклиси и 19 крстови.
- Архиерејско намесништво Крива Паланка: 13 цркви, еден манастир, 7 параклиси и 50 крстови.
Најпознати манастири
- Манастир на свети великомаченик Георгиј, Старо Нагоричане
- Манастир „Св. Јоаким Осоговски“ - Крива Паланка
- Манастир на свети Никола, Псача
- Манастир „Св. Атанасиј“ - Лешок
- Манастир на Пресвета Богородица, Матејче
Епархијата обединува околу 200.000 верници, православни христијани. Преку петте архиерејски намесници и преку црковните и манастирските настојателства, се координираат работите на црковно-духовен и финансиско-материјален план на целиот нејзин простор. Административно-организационата дејност се извршува од страна на надлежниот митрополит г. Кирил и секретарот на истата, протоѓагонот Вичко Гочевски.
Оваа Епархија има над 40 активни свештеници и неколку умировени.
Изградени 26 цркви, 11 манастири, 69 обновени и изградени објекти за крштевки и парастоси. Над поголем број цркви и манастири се извршени сеопфатни санациони и реставраторски работи.