Манастир Голема Лавра
Оваа статија е никулец (односно има потребна од понатамошно уредување и обработка). Помогнете да ја прошириме оваа статија.
Манастирот Голема Лавра (грчки Μονή Μεγίστης Λαύρας) е најстариот и прв во јерархијата меѓу светогорските манастири. Се наоѓа во југоистиочниот дел на Света Гора, на локалитетот наречен Мелана. Негов основач е свети Атанасиј Атонски, со кого и започнува растот на светогорското монаштво. Тој го вовел киновискиот систем, според кој монасите го практикуваат послушанието и животот во заедница, наместо дотогаш позачестеното пустинување.