Атанасиј Лимасолски
Неговото Високопреосвештенство, г. Атанасиј Николау, Митрополит на Лимасол од Црквата во Кипар.
Живот
Митрополитот Атанасиј е роден на 8 февруари 1959 година во Лимасол, на јужните брегови од Кипар. Во 1973 се преселил во Пафос, и бил ученик на тамошната гимназија. По завршувањето на гимназијата, во 1976 година бил ракоположен во ѓаконски чин од страна на Архиепископот Хризостом I. Потоа се запишал на Богословскиот факултет на Универзитетот во Солун.
После неговото дипломирање, се причислил на братството на Новиот Скит, еден од двата скита на светогорскиот манастир на св. Павле. Во 1982 примил Голема Схима и бил ракоположен за свештеник. Во 1983 г. добил грамота со која му се дозволило да исповеда.
Во 1992 г., отец Атанасиј бил повикан да се врати на Кипар од страна на Архиепископот Хризостом I. Со благослов на Ватопедскиот манастир, се вратил на Кипар и му се придружил на братството во манастирот во Пафос. На 4 ноември 1993 г. бил избран за старец на Богородичниот манастир во близина на Лазанија, Кипар.
На 11 февруари 1999 година бил хиротонисан за епископ, а три дена подоцна (14 февруари) бил воведен во тронот на Лимасолските епископи.