Александар (Милеант)
Епископот Александар (световно име Александр Василjевич Милеант; 22 јули 1938, Едеса - 12 септември 2005, Ла Кенада, Калифорния) био епископ на Руската Задгранична Православна Црква, епископ Буенос-Аирески и Јужноамерикански, православен теолог, мисионер, духовен писател.
Биография
Роден на 22 јули 1938 година во Едеса. Во 1944 година неговиот татко пропаднал на фронтот без вести за него, па семејството емигрирало на Запад. До 1948 година проживеал во Европа (најпрво во Прага, па во Рим), потоа се преселил со семејството во Аргентина во Буенос-Аирес. Александар завршил електро-техничко училиште, потоа Буенос-аирески универзитет, и работел како цртач на електромашини.
Од рана возраст, уште во Европа, му прислужувал на архиепископот Пантелејмон (Рудик), а потоа на Атанасиј (Мартос). Кај архиепископот Атанасиј имало голема богословска библиотека. Сакајќи да ги чита житијата на светиите во оригинал, Александар најпрво го изучил новогрчкиот, а потоа и старогрчкиот јазик.
На крајот од 1963 година стапил во Свето-троичната духовна семинарија во Џорданвил (САД), и ја завршил во 1967 со степен дипломиран богослов.
Во 1966 година бил ракоположен за ѓакон од страна на архиепископот Аверкиј (Таушев). Во 1967 година, во Великиот пост, од страна на митрополитот Филарет (Вознесенски) бил ракоположен за свештеник, и бил испратен во Покровската парохија во Лос Анџелес, каде што отец Александар бил старешина 31 година.
Од 1971 до 1985 година организирал поклонички патувања на младите низ светите места во Грција и Палестина.
Во 1978 завршил на Калифорнискиот универзитет (диплома по електроника), во 1983 завршил универзитет на Јужна Калифорнија (инженер по комуникација со космички бродови и кодирање). По оваа специјалност работел како инженер во едно од одделенијата на НАСА. Во 1985 почнал да издава православни верски брошури под името „Мисионерски листови“ на четири јазици: руски, англиски, шпански и португалски.
Во Великиот пост 1995 година, протоерејот Александар бил потстрижан во мантија во Свето-троичниот манастир со името Александар, во чест на свештеномаченикот Александар, архиепископот Харковски. Потоа бил произведен во архимандрит.
На 28 мај 1998 година на синодалниот катедрален храм посветен на Чудесата на Мајката Божја (Њујорк) хиротонисан е во епископ Буенос-Аирески и Јужно-американски. Хиротонијата ја извршиле архиепископот Западно-американски и Сан-франциски Антониј (Медведев), архиепископот Сиракуски и Троицки Лавр (Шкурла), епископот Симферополски и Кримски Агатангел (Пашковски), епископот Бостонски Митрофан (Зноско) и епископот Менхетенски Гавриил (Чемодаков). Во последните години од животот боледувал од рак, и живеел во Калифорнија. Во својата епархија само наминувал одвреме навреме.
Бил поборник за помирување на Руската задгранична со Црквата во Татковината (Московската патријаршија).
Се упокоил на 12 септември 2005 година во 68 година од животот во Ла Кенада. Според писмениот тестамент на епископот Александар, даден неколку месеци пред смртта, неговото опело било извршено во Светотроичната црква во градот Окснард недалеку од Лос Анџелес. Погребан е во Светотроичниот манастир во Џорданвил.