78
уредувања
Промени
нема опис на уредувањето
Во раното Христијанство овој празник имал различни имиња: Зачнувањето на Христа, Благовештение за Христа, Почеток на откупувањето, Благовештение од Ангелот на Марија и дури во VII век на Исток и на Запад бил наречен Благовештение на Пресвета Богородица.
Овој празник е востановен уште во длабоката древност. За негово празнување се спомнува веќе во III век (Слова на св. Григориј Чудотворец за овој ден). Во своите беседи св. Јован Златоуст и блаж. Августин зборуваат за овој празник како за древно и вообчаено црковно торжество. Во периодот V-VIII в., наспроти ересите што ја омаловажувале Личноста на Богомајката, празникот бил особено возвеличен во Црквата. Во VIII век св. Јован Дамаскин и Теофан митрополит Никејски, ги составиле празничните канони, кои и денес се пеат во Црквата
== Богословски осврт ==
Благовештeнието е ден на добрата вест за тоа, дека во целиот човечки свет се нашла девојка која толку му верувала на Бога, која била толку длабоко способна за послушност и за доверба, што од неа ќе може да се роди Божјиот Син.
Човековиот род ја родил, ја принел како дар на Бога, девојката што во својата царствена човечка слобода била способна да стане Мајка на Божјиот Син, кој слободно се предаде Себеси за спасение на светот.
Воплотувањето на Божјиот Син, од една страна, е дело на божјата љубов; на крстната, љубовната и спасителна љубов и на Божјата сила. Но, истовремено, воплотувањето на Божјиот Син е дело на човековата слобода. Св. Григориј Палама вели дека; „воплотувањето би било исто толку неможно без слободната човекова согласност на Божјата Мајка, како што тоа би било неможно без творечката Божја волја.” И во овој ден на Благовештението, ние во Божјата Мајка ја созерцуваме Дева, која со сето срце, со целиот ум, со сета душа, со целата своја сила умеела да му се довери на Бога до крај.
Таа навистина својот живот му го предала на Бога, примајќи ја со вера - односно со несфатлива доверба - веста за тоа дека токму таа ќе стане Мајка на воплотениот Божји Син. За неа праведната Елисавета вели: „Блажена е таа што поверува, зашто ќе и’ биде она што Господ и’ го кажа…”
Во Божјата Мајка ние ја наоѓаме восхитната способност за целосно доверување на Бога. Но, таа способност не е вообичаена: таква вера во себе може да се искова со подвигот за чистота на срцето, со подвигот на љубовта кон Бога, со подвигот - како што велат отците: „Пролеј ја својата крв и ќе го примиш Духот…”