Промени

Прејди на: содржини, барај

Свето Благовештение

Одземени 2 бајти, 08:28, 7 април 2008
с
Историски особености
Празникот Благовештение на Пресвета Богородица е посветен на споменувањето и прославувањето на настанот, опишан во Евангелието според Лука (I, 26-38).
Во раното Христијанство овој празник имал различни имиња: Зачнувањето на Христа, Благовештение за Христа, Почеток на откупувањето, Благовештение од Ангелот на Марија и дури во VII век на Исток и на Запад бил наречен Благовештение на Пресвета Богородица.
Овој празник е востановен уште во длабоката древност. За негово празнување се спомнува веќе во III век (Слова на св. Григориј Чудотворец за овој ден). Во своите беседи св. Јован Златоуст и блаж. Августин зборуваат за овој празник како за древно и вообчаено црковно торжество. Во периодот V-VIII в., наспроти ересите што ја омаловажувале Личноста на Богомајката, празникот бил особено воз¬величен возвеличен во Црквата. Во VIII век св. Јован Дамаскин и Теофан митрополит Никејски, ги составиле празничните канони, кои и денес се пеат во Црквата

Прегледник