Промени

Прејди на: содржини, барај

Символ на верата

Додадени 6.149 бајти, 09:58, 20 мај 2009
с
New page: {{Вовед}} '''Символот на верата''' е кратко и јасно исповедување на православната христијанска вера. Уште ...
{{Вовед}}
'''Символот на верата''' е кратко и јасно исповедување на православната христијанска вера. Уште од првите векови на христијанството се појавило потреба верата да се искаже во еден краток текст.

Таа потреба се појавила затоа што оние кој се крштевале требало пред Црквата да ја исповедаат својата вера, и преку едно такво кратко и јасно утврдено исповедање на верата, да се заштити православната вера од бројните [[ерес]]и кој тогаш ги имало. Во почетокот имало повеќе символи на верата кој ги пишувале помесните локални православни Цркви а, ги одобрувал епископот, кој по суштина биле исти а, се разликувале по формата.

== Никеоцариградски символ на верата ==

Така било се додека не се напишал и донел единствениот унифициран символ на верата на првиот Вселенски собор во Никеја 325 година , и на вториот Вселенски собор во Цариград 381 година, поради што овој символ на верата се нарекол Никеоцариградски символ на верата. На првиот собор во Никеја бил утврден текстот на символот на верата до осмиот член, директен повод за ова биле ересите аријанство и несторијанство кој тврделе дека Синот Божји не е Бог и не едносуштен на Отецот, токму поради тоа символот на верата до осмиот член го исповеда спротивното на аријанската ерес, односно православната вистина дека [[Господ Исус Христос|Синот Божји Исус Христос]] има едносушна природа со [[Бог Отец|Отецот]], и дека заради нас примил човечка природа од [[Пресвета Богородица|Дева Марија]] и [[Светиот Дух|Св. Дух]], дека бил распнат, страдал, бил погребен , воскреснал и се вознел на Небото.

Во 381 година кога настанале ересите насочени против Светиот Дух на Македониј и Савелиј, биле донесени уште четири члена на символот на верата во кој Црквата ја искажува верата во Св. Дух, и верата дека спасеннието е возможно единствено во Едната, Света, Соборна и Апостолска Црква во која член се станува преку светата тајна крштение. Одтогаш овој символ на верата е единствен символ за сите помесни Православни Цркви, и за сите православни христијани. Тој денес е дел од повеќе богослуженија, а се чита и на Светата Литургија пред канонот на евхаристија. Се чита и ден денес од оној кој сака да се крсти, пред [[Свети Тајни|светата тајна]] крштение а, ако е дете тогаш од неговиот кум.

Следи оргиналниот текст на никеоцариградскиот символ на верата, интегрално:

*Верувам во Единиот Бог Отец, Седржител, Творец на Небото и на земјата, на сè видливо и невидливо;
*И во Единиот Господ Исус Христос, Син Божји, Единороден, Кој е роден од Отецот пред сите векови: Светлина од Светлината, вистински Бог од Бога вистински; роден, нестворен, едносуштен на Отецот, преку Кого сè станало;
*Кој, заради нас луѓето и заради нашето спасение, слезе од Небото и се вплоти од Светиот Дух и Марија Дева и стана човек;
*И беше распнат заради нас во времето на Понтиј Пилат, и страдаше, и беше погребен;
*И воскресна во третиот ден, според Писмото;
*И се вознесе на Небото и седи оддесно на Отецот;
*И пак ќе дојде со слава, да им суди на живите и мртвите, и Неговото Царство ќе нема крај;
*И во Светиот Дух, Господ, кој живот твори, Кој исходи од Отецот, на Кого се поклонуваме и Го славиме заедно со Отецот и Синот, и Кој говорел преку пророците;
*Во едната, света, соборна и апостолска Црква;
*Исповедувам едно крштение, за простување на гревовите;
*Го чекам воскресението на мртвите;
*И животот во идниот век. А М И Н

[[Категорија:Богословие]]
[[Категорија:Вселенски собори]]
3.105
уредувања

Прегледник