Ориген

Од Православна-енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Оваа статија е никулец (односно има потребна од понатамошно уредување и обработка). Помогнете да ја прошириме оваа статија.

Ориген (грч:Ὠριγένης Ἀδαμάντιος, лат: Origenes Adamantius) е еден од најталентираните богослови и философи на Црквата, учител во Александриската школа во Православието кој дал огромен придонес во развојот и напредокот на богословските науки. Постхумнно бил осуден и одлачен од Црквата, и добар дел од неговото учење било отфрлено како спротивно на Преданието и еретичко.

Живот

Ориген бил роден во Александрија како најстаро од седумте деца на неговите родители. Уште како дете покажувал извонреден талент. Неговиот татко се викал Леонид, и бил учител по грчки јазик, кој му овозможил добро образование. Од мајка му, која била Еврејка и со која честопати ги пееле библиските псалми, Ориген го научил и еврејскиот јазик. До својата седумнаесетта година стекнал толку голема слава, што неговиот татко бил познат по него, како »Леонид, татко на Ориген«.

Во 202 година по Христа, за време на владеењето на Септимиј Север дошло до голем прогон на христијаните, и неговиот татко, одбивајќи да го негира Христовото постоење, бил грабнат од неговиот дом и одведен во Кесарија. Додека неговите домашни исплашени се криеле, Ориген побарал да го следи својот татко на маченичкиот пат. Мајка му, гледајќи дека неговите намери се искрени, му ги сокрила обувките. Сепак, тоа не го спречило во намерата, и босоног тој тргнал по неговиот татко: Гледајќи како војниците го бијат, тој му довикувал и го преколнувал, храбрејќи го да не се откаже од верата и маченичкиот венец поради нив. По смртта на татко му, според законите, римските власти го заплениле сиот имот, оставајќи го неговото осиромашено семејство во тешка материјална состојба.

Дела

Делата на Ориген може да се разделат на следните групи: библиско-критички, библиско-егзегетски, догматски, апологетски, морално-образовни и писма (преписки).

Учење

Христологија и сотириологија

Пневматологија

Есхатологија