Промени

Прејди на: содржини, барај

Шаблон:Featured

Одземени 876 бајти, 09:35, 17 септември 2010
с
нема опис на уредувањето
Влијанието на богословската мисла на Митрополитот Јован ги одбележа последните децении на 20 век. Неговата компилација на богословски студии „Битието како заедничарење“ издадена во 1985 година според многумина е книгата која го одбележала доцниот 20 век.
Главните теми во делата на Јован Пергамски се слободата и личноста, како човечка, така и божја. Засновајќи ја својата мисла на Кападокиските Отци и богословието на Максим Исповедник, ја дефинира својата личносна и односна онтологија во која ниту унитарноста, ниту плуарлноста немаат приоритет. Во неговата „Битието како заедничарење“ се осврнува на важноста на заедничарењето за личноста, додека во „Заедничарење и различност“ нуди комплементарна анализа на значењето на различноста во заедничарењето. На тој начин го третира древниот философски проблем на надминувањето на Едниот и Многуте, кој го гледа низ призма на Бога (Трите Ипостаси во Троица и „монархијата“ на Отецот), човечноста (богословска антропологија) и Црквата (еклисиологија). Неговата богословска мисла ја разгледува и есхатолошката онтологија која ја извлекува од делата на св. Максим Исповедник, за кого вистинската онотологија е есхатолошката, односно вистински реално е она нешто кое е реално и во есхатонот.
[[Јован Пергамски (Зизиулас)|повеќе]]
3.103
уредувања

Прегледник