Разлика помеѓу преработките на „Шаблон:Featured“

Од Православна-енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
с
Ред 1: Ред 1:
Востанувањето на самиот '''пост''' е направено од страна на Светата [[Православна Црква]] уште од апостолските времиња, по примерот на [[Господ Исус Христос]], заедно со определувањето на времето на постот како и тоа која храна да ја јадат Христијаните за време на постот. Од Бога, постот е востановен со заповедта дадена на првите луѓе на земниот [[Рај|рај]] - да не јадат од дрвото за познавање на доброто и злото (1.Мој.2,17). Преку неа [[Бог]], уште на самиот почеток сакал да ги научи луѓето на послушност и воздржување.  
+
'''Икона''' (грч. εἰκών, eikon, лат. imago, „претстава“, „икона“, „лик“) е свет лик , света слика во две димензии кога Го претставува [[Господ Исус Христос]], [[Пресвета Богородица]] или Светиите, кои можеме да ги насликаме бидејќи имале тело, а на кои се поклонуваме или ги почитуваме по начелото: „''честа дадена кон иконата се пренесува на оној кој е насликан на иконата''“.
  
Под пост, во поширока смисла на зборот, се подразбира севкупниот христијански живот и начин на постоење во Црквата, опфаќајќи ја тука и молитвата. Затоа, условно, постот може да се подели на телесен и духовен. Во потесна смисла под зборот пост најчесто се подразбира телесниот пост, којшто е воздржување од некои јадења во деновите и временските периоди што Црквата ги одредила во текот на годината. Овие денови точно треба да се запазат и никој да не измислува, без благослов, повеќе или помалку од она што Црквата од [[Светиот Дух]] вдахновена го определила. Вистински пост и [[Молитва|молитва]] како благодатни дарови Божји постојат само во Црквата и никогаш надвор од неа. Тоа значи дека тој што пости и се моли треба да е крстен, да се причестува, да се исповеда, да ги почитува и да учествува во сите други Свети Тајни на Црквата.
+
[[Image:Cyril_and_Methodius.jpg|right|width="33%"|Св. Кирил и Методиј]]
 +
Како сликовна претстава иконата може да има историска, естетска и ареолошка карактеристка, но таа не припаѓа на сакралната уметност, туку на Црковното богослужење, заедно со Светото Писмо и Светите Тајни. Таа не е некој украс, туку визуелно соопштување на невидливата Божја стварност, манифестирана во времето и просторот. За Православната теологија, темелот на иконата или символичното прикажување е вистинско Овоплотување на Синот Божји: „[[И Логосот постана тело]]“ (Јован 1,14). Иконата е последица на Овоплотувањето, затоа што е Христос „''Икона на Богот невидлив''“ (Кол 1,15).
  
Суштината на постот не е умртвување на телото, како што се мисли, туку умртвување на гревот во нас, затоа што гревот предизвикува пропаѓање и смрт. ([[пост|''повеќе'']])
+
Внатрешниот ред и мир во духовниот живот, за кој сведочат Светите Отци, се пренесени на иконата со спокојни и хармонични потези. Сето тело на светителот, сите детали и поединости, дури и косата, брчките, наборите на облеката и се што го опкружува, се е обединето и доведено до највисоко согласие. Во тоа се состои видливото прикажување на победата врз внатрешната делба и збрка во паднатата човечка природа, во процесот на очистување и преобразување на страстите, до обожение. Содржината на иконата претставува вистински духовен патоказ за животот во Црквата, особено за молитвата. Таа на еден автентичен начин, ослободен од стеснетоста на поимите и зборовите, не учи каков став треба да завземеме во духовниот живот. ([[икона|''повеќе'']])

Преработка од 19:03, 1 септември 2007

Икона (грч. εἰκών, eikon, лат. imago, „претстава“, „икона“, „лик“) е свет лик , света слика во две димензии кога Го претставува Господ Исус Христос, Пресвета Богородица или Светиите, кои можеме да ги насликаме бидејќи имале тело, а на кои се поклонуваме или ги почитуваме по начелото: „честа дадена кон иконата се пренесува на оној кој е насликан на иконата“.

Св. Кирил и Методиј

Како сликовна претстава иконата може да има историска, естетска и ареолошка карактеристка, но таа не припаѓа на сакралната уметност, туку на Црковното богослужење, заедно со Светото Писмо и Светите Тајни. Таа не е некој украс, туку визуелно соопштување на невидливата Божја стварност, манифестирана во времето и просторот. За Православната теологија, темелот на иконата или символичното прикажување е вистинско Овоплотување на Синот Божји: „И Логосот постана тело“ (Јован 1,14). Иконата е последица на Овоплотувањето, затоа што е Христос „Икона на Богот невидлив“ (Кол 1,15).

Внатрешниот ред и мир во духовниот живот, за кој сведочат Светите Отци, се пренесени на иконата со спокојни и хармонични потези. Сето тело на светителот, сите детали и поединости, дури и косата, брчките, наборите на облеката и се што го опкружува, се е обединето и доведено до највисоко согласие. Во тоа се состои видливото прикажување на победата врз внатрешната делба и збрка во паднатата човечка природа, во процесот на очистување и преобразување на страстите, до обожение. Содржината на иконата претставува вистински духовен патоказ за животот во Црквата, особено за молитвата. Таа на еден автентичен начин, ослободен од стеснетоста на поимите и зборовите, не учи каков став треба да завземеме во духовниот живот. (повеќе)