Разлика помеѓу преработките на „Шаблон:Featured“

Од Православна-енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
с
с
 
(Не се прикажани 83 меѓувремени преработки од 2 корисници)
Ред 1: Ред 1:
Востанувањето на самиот '''пост''' е направено од страна на Светата [[Православна Црква]] уште од апостолските времиња, по примерот на [[Господ Исус Христос]], заедно со определувањето на времето на постот како и тоа која храна да ја јадат Христијаните за време на постот. Од Бога, постот е востановен со заповедта дадена на првите луѓе на земниот [[Рај|рај]] - да не јадат од дрвото за познавање на доброто и злото (1.Мој.2,17). Преку неа [[Бог]], уште на самиот почеток сакал да ги научи луѓето на послушност и воздржување.  
+
'''Светлино тивка''' (цсл. „Све́те ти́хий“, ст.грч. „Φῶς Ἱλαρόν“, лат. „Lumen Hilare“) е едно од најраните христијански молитвословија од небиблиско потекло кое непрекинато се користи повеќе од 15 века на Вечерната богослужба.
  
Под пост, во поширока смисла на зборот, се подразбира севкупниот христијански живот и начин на постоење во Црквата, опфаќајќи ја тука и молитвата. Затоа, условно, постот може да се подели на телесен и духовен. Во потесна смисла под зборот пост најчесто се подразбира телесниот пост, којшто е воздржување од некои јадења во деновите и временските периоди што Црквата ги одредила во текот на годината. Овие денови точно треба да се запазат и никој да не измислува, без благослов, повеќе или помалку од она што Црквата од [[Светиот Дух]] вдахновена го определила. Вистински пост и [[Молитва|молитва]] како благодатни дарови Божји постојат само во Црквата и никогаш надвор од неа. Тоа значи дека тој што пости и се моли треба да е крстен, да се причестува, да се исповеда, да ги почитува и да учествува во сите други Свети Тајни на Црквата.
+
[[Молитва]]та „Светлино тивка“ за прв пат е забележана во Апостолските Установи кои датираат од доцниот трет и почетокот на четвртиот век по Христа. Сместена е во збирка на песнопенија за коишто авторот на Установите препорачува да се пеат наутро, навечер, пред јадење и при палењето на светилата. [[Свети Василиј Велики]] го спомнал ова молитвословие како дел од живото предание. Уште во негово време (средината и крајот на четвртиот век) оваа молитва се сметала за древна.
  
Суштината на постот не е умртвување на телото, како што се мисли, туку умртвување на гревот во нас, затоа што гревот предизвикува пропаѓање и смрт. ([[пост|''повеќе'']])
+
Имено, според едно предание, на Гробот Христов во Ерусалим стоело постојано запалено кандило чија светлина ја символизирала живата Христова Светлина. Христијаните се собирале околу Гробот, а химната „Светлино тивка“ се пеела при изнесувањето на свеќа запалена од кандилото на гробот, чијшто пламен ја повикувал Црквата да Го слави Господа воскреснатиот. „Свете тихиј“ е првото целосно песнопение што може да се смета за такво во денешна смисла на зборот.
 +
 
 +
Се верува дека свети Атиноген, кој се слави на 16 јули според стариот календар, а кој пострадал за време на диоклецијановите прогонства, на патот кон неговото губилиште ја испеал оваа песна. Иконата на којашто е прикажан овој светител ја доловува сцената на еден постар Епископ кој пее додека чека да биде погубен; раката на мачителот, пак, стои парализирана додека свештеномаченикот ја произнесува оваа последна своја молитва.
 +
 
 +
[[Светлино тивка|Повеќе]]

Последна преработка од 17:23, 4 февруари 2014

Светлино тивка (цсл. „Све́те ти́хий“, ст.грч. „Φῶς Ἱλαρόν“, лат. „Lumen Hilare“) е едно од најраните христијански молитвословија од небиблиско потекло кое непрекинато се користи повеќе од 15 века на Вечерната богослужба.

Молитвата „Светлино тивка“ за прв пат е забележана во Апостолските Установи кои датираат од доцниот трет и почетокот на четвртиот век по Христа. Сместена е во збирка на песнопенија за коишто авторот на Установите препорачува да се пеат наутро, навечер, пред јадење и при палењето на светилата. Свети Василиј Велики го спомнал ова молитвословие како дел од живото предание. Уште во негово време (средината и крајот на четвртиот век) оваа молитва се сметала за древна.

Повеќе