Разлика помеѓу преработките на „Шаблон:Featured“

Од Православна-енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
(Избрана статија бр.1 за март)
с
 
(Не се прикажани 66 меѓувремени преработки од 2 корисници)
Ред 1: Ред 1:
'''Црквата''' е наречена Тело Христово и Невеста Христова во [[Свето Писмо|Светото Писмо]]. Црквата се споредува и со свет храм Божји и се нарекува столб и тврдина на вистината. Црквата е една зашто Бог е еден и затоа што и Христос и Светиот Дух се едно. Може да постои само една Црква, а не многу. И таа една црква, затоа што нејзиното единство зависи од Бога, Христа и Духот, не може никогаш да се разбие.
+
'''Светлино тивка''' (цсл. „Све́те ти́хий“, ст.грч. „Φῶς Ἱλαρόν“, лат. „Lumen Hilare“) е едно од најраните христијански молитвословија од небиблиско потекло кое непрекинато се користи повеќе од 15 века на Вечерната богослужба.
  
Така, според православното учење, Црквата е неделива; луѓето можат да бидат во неа или надвор од неа, но не можат да ја делат; Црквата е востановена со слегувањето на Светиот Дух врз апостолите на [[Педесетница|Светата Педесетница]]. Според православното учење, единството на Црквата е слободно човеково единство во вистината и љубовта Божја. Ваквото единство не го донесол некој човечки авторитет или правна сила, туку самиот Бог. Православните христијани веруваат дека во Православната црква секогаш постоела можност за потполно учествување во Црквата Божја и дека само гревовите и погрешните човечки избори ([[ерес]]ите) ги поставувале луѓето надвор од оваа заедница. Православните сметаат дека кај неправославните христијански групи постојат извесни препреки, кои се различни во различните групи, и кои, ако луѓето ги прифатат и се поведат по нив, го спречуваат нивното совршено единство со Бога.[[Православна Црква|повеќе]]
+
[[Молитва]]та „Светлино тивка“ за прв пат е забележана во Апостолските Установи кои датираат од доцниот трет и почетокот на четвртиот век по Христа. Сместена е во збирка на песнопенија за коишто авторот на Установите препорачува да се пеат наутро, навечер, пред јадење и при палењето на светилата. [[Свети Василиј Велики]] го спомнал ова молитвословие како дел од живото предание. Уште во негово време (средината и крајот на четвртиот век) оваа молитва се сметала за древна.
 +
 
 +
Имено, според едно предание, на Гробот Христов во Ерусалим стоело постојано запалено кандило чија светлина ја символизирала живата Христова Светлина. Христијаните се собирале околу Гробот, а химната „Светлино тивка“ се пеела при изнесувањето на свеќа запалена од кандилото на гробот, чијшто пламен ја повикувал Црквата да Го слави Господа воскреснатиот. „Свете тихиј“ е првото целосно песнопение што може да се смета за такво во денешна смисла на зборот.
 +
 
 +
Се верува дека свети Атиноген, кој се слави на 16 јули според стариот календар, а кој пострадал за време на диоклецијановите прогонства, на патот кон неговото губилиште ја испеал оваа песна. Иконата на којашто е прикажан овој светител ја доловува сцената на еден постар Епископ кој пее додека чека да биде погубен; раката на мачителот, пак, стои парализирана додека свештеномаченикот ја произнесува оваа последна своја молитва.
 +
 
 +
[[Светлино тивка|Повеќе]]

Последна преработка од 17:23, 4 февруари 2014

Светлино тивка (цсл. „Све́те ти́хий“, ст.грч. „Φῶς Ἱλαρόν“, лат. „Lumen Hilare“) е едно од најраните христијански молитвословија од небиблиско потекло кое непрекинато се користи повеќе од 15 века на Вечерната богослужба.

Молитвата „Светлино тивка“ за прв пат е забележана во Апостолските Установи кои датираат од доцниот трет и почетокот на четвртиот век по Христа. Сместена е во збирка на песнопенија за коишто авторот на Установите препорачува да се пеат наутро, навечер, пред јадење и при палењето на светилата. Свети Василиј Велики го спомнал ова молитвословие како дел од живото предание. Уште во негово време (средината и крајот на четвртиот век) оваа молитва се сметала за древна.

Повеќе