Разлика помеѓу преработките на „Шаблон:Featured“

Од Православна-енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
с
с
 
(Не се прикажани 79 меѓувремени преработки од 2 корисници)
Ред 1: Ред 1:
'''Света Литургија''' (гр. λειτουργια, лат. ministerium, officium, јавна служба, служење или јавно дело, свештеничка служба во храм), во современиот Православен речник Литургијата има потесно значење и со неа се именува чинот на евхаристичка служба, или чин на Светата Тајна на Тајните – Света Евхаристија или Свeта Причест. Таа е основна и обврзителна дејност на Црквата. Како молитва, ова богослужение се разликува и е пред сите други молитви. Божествената Литургија е црковно дејство на собраните од Бога за служење, за молитва, за слушање на Словото, за поучување во заповедите Божји, за предавање на себеси во благодарност на Бога Отецот и за стекнување на живо искуство на Неговото Царство преку Светата Причест на Неговиот Син, Кој со Светиот Дух веќе присуствува во нас.
+
'''Светлино тивка''' (цсл. „Све́те ти́хий“, ст.грч. „Φῶς Ἱλαρόν“, лат. „Lumen Hilare“) е едно од најраните христијански молитвословија од небиблиско потекло кое непрекинато се користи повеќе од 15 века на Вечерната богослужба.
  
Во секој смисол, Литургијата е празник на верата, прославување на дарот на познанието на Пресветата Троица и повторена потврда на новиот живот кој доаѓа од Троичниот Бог. Како што самиот св. Василиј Велики вели: „Патот кон богопознанието се вознесува од едниот Дух преку едниот Син кон едниот Отец. Истовремено, природната добрина, неразделната светост и царското достојание доаѓа кон нас од Отецот преку едниот Единородниот Син кон Духот.“ Секое богослужение - како лично, така и заедничко, е упатено на Отецот преку Синот во Светиот Дух, Кој заедно со нашите духови сведочи дека сме Божји деца, сонаследници Христови, и повикуваме „Аваа, Оче!“ (Рим. 8,15-17) ([[Света Литургија|''повеќе'']])
+
[[Молитва]]та „Светлино тивка“ за прв пат е забележана во Апостолските Установи кои датираат од доцниот трет и почетокот на четвртиот век по Христа. Сместена е во збирка на песнопенија за коишто авторот на Установите препорачува да се пеат наутро, навечер, пред јадење и при палењето на светилата. [[Свети Василиј Велики]] го спомнал ова молитвословие како дел од живото предание. Уште во негово време (средината и крајот на четвртиот век) оваа молитва се сметала за древна.
 +
 
 +
Имено, според едно предание, на Гробот Христов во Ерусалим стоело постојано запалено кандило чија светлина ја символизирала живата Христова Светлина. Христијаните се собирале околу Гробот, а химната „Светлино тивка“ се пеела при изнесувањето на свеќа запалена од кандилото на гробот, чијшто пламен ја повикувал Црквата да Го слави Господа воскреснатиот. „Свете тихиј“ е првото целосно песнопение што може да се смета за такво во денешна смисла на зборот.
 +
 
 +
Се верува дека свети Атиноген, кој се слави на 16 јули според стариот календар, а кој пострадал за време на диоклецијановите прогонства, на патот кон неговото губилиште ја испеал оваа песна. Иконата на којашто е прикажан овој светител ја доловува сцената на еден постар Епископ кој пее додека чека да биде погубен; раката на мачителот, пак, стои парализирана додека свештеномаченикот ја произнесува оваа последна своја молитва.
 +
 
 +
[[Светлино тивка|Повеќе]]

Последна преработка од 17:23, 4 февруари 2014

Светлино тивка (цсл. „Све́те ти́хий“, ст.грч. „Φῶς Ἱλαρόν“, лат. „Lumen Hilare“) е едно од најраните христијански молитвословија од небиблиско потекло кое непрекинато се користи повеќе од 15 века на Вечерната богослужба.

Молитвата „Светлино тивка“ за прв пат е забележана во Апостолските Установи кои датираат од доцниот трет и почетокот на четвртиот век по Христа. Сместена е во збирка на песнопенија за коишто авторот на Установите препорачува да се пеат наутро, навечер, пред јадење и при палењето на светилата. Свети Василиј Велики го спомнал ова молитвословие како дел од живото предание. Уште во негово време (средината и крајот на четвртиот век) оваа молитва се сметала за древна.

Повеќе