Разлика помеѓу преработките на „Шаблон:Featured“

Од Православна-енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
с
 
(Не се прикажани 56 меѓувремени преработки од 2 корисници)
Ред 1: Ред 1:
'''Mолитвата''' е нешто најсвето во нашето постоење. Таа е природен закон. Молитвата е разговор на човечката душа со Бога, со Христос и со Неговата мајка, со сите светии. Она што е воздухот за телото, тоа е молитвата за човечкиот дух. Она што е постот за телото, тоа е молитвата за душата. Вистински се моли само оној човек што верува во Бога и во Неговата безгранична добрина; кој ја чувствува својата зависност од Него.
+
'''Светлино тивка''' (цсл. „Све́те ти́хий“, ст.грч. „Φῶς Ἱλαρόν“, лат. „Lumen Hilare“) е едно од најраните христијански молитвословија од небиблиско потекло кое непрекинато се користи повеќе од 15 века на Вечерната богослужба.
  
Животот и молитвата се меѓусебно неразделни. Животот без молитва е празен - во него недостасува најважното нешто; таквиот живот е живот површен, без вистинско значење, без длабочина: живот кој се задоволува само со видливите нешта и претстави. Таквиот живот ја нема разоткриено вечноста и бескрајноста. Светот, во кој живееме не е безбожен: луѓето сами прават да биде профан, но по својата светост тој е творевина на Божјите раце, и од Бога возљубен. Цената на тој свет во Божјите е животот и смртта на Неговиот Единороден Син - и токму за таа цена молитвата сведочи.  
+
[[Молитва]]та „Светлино тивка“ за прв пат е забележана во Апостолските Установи кои датираат од доцниот трет и почетокот на четвртиот век по Христа. Сместена е во збирка на песнопенија за коишто авторот на Установите препорачува да се пеат наутро, навечер, пред јадење и при палењето на светилата. [[Свети Василиј Велики]] го спомнал ова молитвословие како дел од живото предание. Уште во негово време (средината и крајот на четвртиот век) оваа молитва се сметала за древна.
  
Молитвата е лек за заболената душа и клуч со кој се отвора скровиштето на благодатта, преку која на душата ѝ олеснува.  
+
Имено, според едно предание, на Гробот Христов во Ерусалим стоело постојано запалено кандило чија светлина ја символизирала живата Христова Светлина. Христијаните се собирале околу Гробот, а химната „Светлино тивка“ се пеела при изнесувањето на свеќа запалена од кандилото на гробот, чијшто пламен ја повикувал Црквата да Го слави Господа воскреснатиот. „Свете тихиј“ е првото целосно песнопение што може да се смета за такво во денешна смисла на зборот.
  
На еден свет монах ангел му открил кој след Му е најугоден на Бога во молитвата: „Почетокот на молитвата треба да се состои од славословија за Бога, благодаренија за Неговите безбројни доброчинства кои ги врши врз човекот; потоа должни сме со скрушен дух да ги исповедаме пред Бога нашите гревови; на крај, пред Бога може да се изнесат, со големо смирение, молбита на нашите телесни и дишевни потреби, препуштајќи го услишувањето на Неговата волја.
+
Се верува дека свети Атиноген, кој се слави на 16 јули според стариот календар, а кој пострадал за време на диоклецијановите прогонства, на патот кон неговото губилиште ја испеал оваа песна. Иконата на којашто е прикажан овој светител ја доловува сцената на еден постар Епископ кој пее додека чека да биде погубен; раката на мачителот, пак, стои парализирана додека свештеномаченикот ја произнесува оваа последна своја молитва.
  
Молитвата е највозвишено занимање за човечкиот ум; состојбата на чистота која се стекнува со текот на молењето, е највозвишена состојба; натприродна е преданоста на Бога во текот на молитвата.[[Молитва|повеќе]]
+
[[Светлино тивка|Повеќе]]

Последна преработка од 17:23, 4 февруари 2014

Светлино тивка (цсл. „Све́те ти́хий“, ст.грч. „Φῶς Ἱλαρόν“, лат. „Lumen Hilare“) е едно од најраните христијански молитвословија од небиблиско потекло кое непрекинато се користи повеќе од 15 века на Вечерната богослужба.

Молитвата „Светлино тивка“ за прв пат е забележана во Апостолските Установи кои датираат од доцниот трет и почетокот на четвртиот век по Христа. Сместена е во збирка на песнопенија за коишто авторот на Установите препорачува да се пеат наутро, навечер, пред јадење и при палењето на светилата. Свети Василиј Велики го спомнал ова молитвословие како дел од живото предание. Уште во негово време (средината и крајот на четвртиот век) оваа молитва се сметала за древна.

Повеќе