Разлика помеѓу преработките на „Шаблон:Featured“

Од Православна-енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Ред 1: Ред 1:
'''Св. Кирил''' и '''Св. Методиј Солунски''' се родени браќа од Солун, од угледни и богати родители, Лав и Марија. Постариот брат, Методиј , како офицер помина десет години меѓу Македонските Словени. Потоа се оддалечи на гората Олимп и се предаде на монашки подвиг. Овде подоцна му се придружи и Кирил (познат и како Константин Филозоф). Кирил и Методиј, познати како солунските браќа просветители, имаат голема улога во православната македонска и општо во сесловенската историја.  
+
[[Image:Ascension.jpg|right|frame|Вознесение Христово]]
[[Image:Cyril_and_Methodius.jpg|thumb|right|Свети Свети Кирил и Методиј рамноапостолни]]
+
'''Вознесение Господово''' се празнува четириесет денови после [[Велигден]], поточно во четвртокот на шестата недела после празникот на [[Воскресение]]то Христово.
Во почетокот на IX век била веќе подготвена солидна основа за поширока и поорганизирана мисионерска активност во Македонија. Во тоа време Византиската Империја доживува нов расцут на културен план, па овој бран ги заплиснува и градовите што биле оддалечени од Цариград, посебно Солун. Во првите децении на IX век во Солун живее и семејството на висок службеник на царската власт, помошник на византискиот стратег на Солун и солунската област. Тоа бил Лав со својата сопруга Марија. Нивната народност е нејасна. Семејството имало повеќе деца, но се спомнуваат само имињата на најстариот - Методиј и најмалиот Константин. Дури не се спомнува и световното име на Методиј, кој ова го добил при замонашувањето.[[Свети солунски и сесловенски браќа Кирил и Методиј|повеќе]]
+
 
 +
Откако по Неговото воскресение светите апостоли и жените мироносици Го видоа, Христос го изврши сето она што беше потребно за спасение на човечкиот род, и дошло времето да Се врати кај [[Бог Отец|Отецот]]: на земјата ја покажа љубовта Божја, со страданијата и жртвата го искупи човекот, а со воскресението покажа дека и смртта е победена, давајќи му ветување за вечен живот на човекот. На тој начин се открива Христовата икономија за човекот: Вознесувањето е исполнување на Воскресението Христово, а со тоа - и човековото воскресение и вознесение.  
 +
 
 +
Четириесетиот ден после Христовото воскресение, Христос им се јави на Неговите ученици, и им заповеда да одат по целиот свет, проповедајќи го Светото Евангелие на сите луѓе, велејќи им дека кој ќе поверува, и се крсти, ќе биде спасен, а кој не поверува, ќе биде осуден. За да успеат во таа мисија, Христос им Го вети Светиот Дух Утешител, оти без Неговата благодат не би биле спремни да ја извршат доверената мисија. Откако им ја даде таа заповед, ги поведе своите апостоли и [[Пресвета Богородица]] на Маслиновата гора, близу Ерусалим, каде ги подигна рацете и ги благослови, и потоа на очиглед на сите присутени, Се вознесе на небото. Учениците се радувале на она што го гледале нивните очи. И додека тие со погледот Го барале Вознесениот Господ, им се јавиле два [[Ангели|ангела]], велејќи им: „''Мажи, Галилејци, зошто стоите и гледате во небото? Овој Исус Кој од вас се вознесе на небото, ќе дојде така како што Го видовте да оди на небото.''“ (Дела 1,11) [[Вознесение Господово|повеќе]]

Преработка од 09:30, 1 јуни 2008

Вознесение Христово

Вознесение Господово се празнува четириесет денови после Велигден, поточно во четвртокот на шестата недела после празникот на Воскресението Христово.

Откако по Неговото воскресение светите апостоли и жените мироносици Го видоа, Христос го изврши сето она што беше потребно за спасение на човечкиот род, и дошло времето да Се врати кај Отецот: на земјата ја покажа љубовта Божја, со страданијата и жртвата го искупи човекот, а со воскресението покажа дека и смртта е победена, давајќи му ветување за вечен живот на човекот. На тој начин се открива Христовата икономија за човекот: Вознесувањето е исполнување на Воскресението Христово, а со тоа - и човековото воскресение и вознесение.

Четириесетиот ден после Христовото воскресение, Христос им се јави на Неговите ученици, и им заповеда да одат по целиот свет, проповедајќи го Светото Евангелие на сите луѓе, велејќи им дека кој ќе поверува, и се крсти, ќе биде спасен, а кој не поверува, ќе биде осуден. За да успеат во таа мисија, Христос им Го вети Светиот Дух Утешител, оти без Неговата благодат не би биле спремни да ја извршат доверената мисија. Откако им ја даде таа заповед, ги поведе своите апостоли и Пресвета Богородица на Маслиновата гора, близу Ерусалим, каде ги подигна рацете и ги благослови, и потоа на очиглед на сите присутени, Се вознесе на небото. Учениците се радувале на она што го гледале нивните очи. И додека тие со погледот Го барале Вознесениот Господ, им се јавиле два ангела, велејќи им: „Мажи, Галилејци, зошто стоите и гледате во небото? Овој Исус Кој од вас се вознесе на небото, ќе дојде така како што Го видовте да оди на небото.“ (Дела 1,11) повеќе