Разлика помеѓу преработките на „Солеја“
(New page: '''Солеја''' (грч: η σολέα), е правоаголен простор пред иконостасот, потесен или поширок, подигнат за нај...) |
(нема разлика)
|
Преработка од 09:40, 9 мај 2009
Солеја (грч: η σολέα), е правоаголен простор пред иконостасот, потесен или поширок, подигнат за најмалку еден степеник во однос на подот на наосот; солејата е возвишување пред иконостасот. На солејата стојат ѓаконите и чтеците, како и свештениците и архиереите за време на различни литургиски периоди: Мал вход, Голем вход, Евангелско читање, проповедање, произнесување ектении, Причестување на верните итн.
На тој простор се поставуваат царскиот и епископскиот престол. Во ранохристијанските храмови, солејата била одвоен и извишен дел на средниот брод на храмот, на кој биле поставени престолите на Епископот и/или Патријархот.