Отвори го главното мени

Православна-енциклопедија β

Ракополагање

Оваа статија е никулец (односно има потребна од понатамошно уредување и обработка). Помогнете да ја прошириме оваа статија.
Оваа статија е дел од серијата
Клир
Antiochian local synod.jpg
Основни чинови
Епископ - Свештеник - Ѓакон
Помали чинови
Ипоѓакон - Чтец
Псалт - Аколит
Други чинови
Хорепископ - Егзорцист
Вратар - Ѓакониса
Епископски титули
Патријарх - Католикос
Архиепископ - Митрополит
Викарен - Титуларен
Свештенички титули
Архимандрит - Протопрезвитер
Протосингел
Ѓаконски титули
Архиѓакон - Протоѓакон
Помали титули
Протопсалт - Лампардиј
Монашки титули
Архимандрит
Авва - Игумен
Исто така
Ракополагање - Одежди
Старешина
Уреди ја кутијата


Ракополагање (хиротонија, гр. χειροτονια, лат. ordinatio, чин на положување на раце) е Таинство со кое преку молитва се врши призив на Светиот Дух, и преку положувањето на раце на еден (или повеќе) епископи се посветуваат свештенослужители во соодветниот степен - ѓаконски, презвитерсли и епископски. Хиротонија се нарекува моментот кога верниот човек се воведува и поставува во свештеното служење, и со тоа му се признава определената служба или харизма и соодветната власт. Сето тоа претставува дар на Духот Свет. Како и сè друго во Црквата, и овој дар исходи од Евхаристијата, и поради тоа хиротонијата се врши во склоп на Литургијата. Епископот, во својство на управител со Црквата во едно место, окружен со свештениците, во присуство на заедницата, ги полага своите раце врз кандидатот и му предава власт да извршува свештеничка служба.