Промени

Прејди на: содржини, барај

Господ Исус Христос

Додадени 9.044 бајти, 16:31, 15 февруари 2009
нема опис на уредувањето
[[Image:Pantokrator of Sinai.jpg|right|frame|[[Икона]] на Господ Исус Христос од манастирот Св. Екатерина на Синај]]
{{Вовед}}
'''Господ наш Исус Христос ''' е Син Божји и Логос, втората личност на [[Света Троица]]. Кога дојде штом се исполни времето и „се воплоти од [[Бог Свет Дух|Светиот Дух ]] и [[Пресвета Богородица|Марија Дева”Дева]]”, како Богочовек со Страдањата и Воскресението го спаси човечкиот род од гревот, пропадливоста и духовната смрт.
Името „Исус” (грчки: Ιησούς, лат: Jesus) доаѓа од еврејското име Jeshua, скратен облик на Jehoshua. Ова име е составено од божественото име Yahweh (Јахве) во скратен облик „Yah- Yeho” и „shua”, односно: „Јахве е спасението.”
Придавката „Христос” произлегува од „χρίω” = „помазува, облива” и е еквивалент на еврејскиот збор „Masiah”. Во Стариот Завет израилските цареви и првосвештеници се помазувани со осветено масло кога примале некоја служба, па затоа биле нарекувани " Господови помазаници" (Зах. 4,14). Во поширока смисла, Месија - Помазаник е Оној кому Бог Му ја доверил мисијата да го ослободи избраниот народ и Кго Евреите го очекували на крајот на вековиете.
== Земниот живот на Господ Исус Христос ==
Иако немал [[грев ]] (Јн. 8, 46), Исус прифатил својата искупителна мисија да ја започне со крштението од [[Свети Јован Крстител|Јован ]] во Јордан (Мт. 3, 13-17). А тоа било поради тоа, да би ја исполнел светата должност (Лк. 7,29-30), односно „секоја правда“ (Мт. 3,15), но и да би ја назначел Својата крстна жртва. Овој пророчки чин – пратен од „теофанијата“, од богојавлението на Света Троица – покажува дека Исус веќе бил спремен да ги земе на Себе гревовите на светот (Јн. 1,29). После [[Свето Крштение|крштението ]] во Јордан, Исус се враќа во Галилеја и интензивно се припрема за Својата мисија. Евангелистите синоптичари се сложуваат дека Исус ја започнал Својата служба после Јовановото фрлање во темница (Мт. 4,12; Мк. 1,14; Лк. 3,20 )и дека најголемиот дел на Своите јавни активности ги извршувал во Галилеја (Мт. 4,12; Мк. 1,39; Лк. 4,14). Лука говори за Исусовото патување во Самарија (Лк. 9,53), а Јован поопширно го изложува Исусовиот со жената Самарјанка покрај Јакововиот извор (Јн. 4, 1-43). Евангелистот Јован кажува дека Исус проповедал во Јудеја и дека многу пати патувал ви Ерусалим (Јн. 7,1-31), додека, пак, Евангелистот Матеј напомнува дека проповедал во Переја, од онаа страна на Јордан (Мт. 19,1). Тоа не е исклучено, зашто Исус навистина многу патуваше: „И одеше Исус по сите градови и села...“ (Мт. 9,35):во областа на Генисаретското езеро, во Капернаум (Мт. 14,31), во околината на Гергесина (Мт. 8,28), доаѓајќи дури до фениските северни градови Тир и Сидон (Мт. 15,21) и Кесарија Филипова (Мт. 14,13). Поради прогонот на Свети Јован Крстител, Исус го напуштил Назарет и се преселил во Капернаум (уп. Мк. 2,1; 9,1), место покрај Галилејското езеро, во земјата Завулонова и Нефталимова(Мт. 4,12-13). На самиот почеток на Својата спасителна мисија Исус трeбал да се бори, најпрвин против непомирливиот Божји противник, ѓаволот. Во пустината Исус [[Пост|постел ]] 40 дена и имал тешки искушенија (Мт. 4,11). Ѓаволот имал намерува да го одврати Исуса од патот на кој беше тргнал. Но, Тој одлучно ги одбива ѓаволските предлози, со одговори земени од Стариот Завет (Пон. Зак. 8,3; 6,16; 6,13). Се подразбира дека времето на повлеченост во пустината било посветено на постот и нарочно на молитвата[[молитва]]та, која ја сметал како најважна припрема за Својата мисија. Заради тоа што постот бил религиозна јудејска пракса (Јн. 3,5-9), која дури и фарисеите ја почитувале (Лк. 18,12); постот ја прател молитвата. Исус го поминувал живитот во непрестајна молитва. Од малечок учествувал на служби во јудејските синагоги (Мт. 26,3). Тука се молел и пеел псалми (Мт. 15,34). И не се молел само во одлучни моменти на Својот живот (и тоа на многу начини), туку и Своите ученици ги советувал да се молат; па, дури и формулирал текст на молитвата(Лк. 11,1-4).
Според тоа, почетокот на Неговата мисија се совпаѓа со првиот конфликт со ѓаволот, против кого ќе се бори додека не го победи со Својата жртва. Јудејцитете, современици Исусови, пророштвата за Месијата ги сфатиле во строго политички и национален смисол. Од желба да се ослободат од римската власт, очекувањето на Месијата, замислуван како национален ослободител и политички ообновител, било многу големо кај јудејскиот народ во Исусовото време. Од текстовите кои говорат за Исусовото месијанство (Мт. 16,13-20; Мк. 8,27-30; Лк.9,18-21), посебно од одговорот кој го дал за време на искушувањето во пустината (Мт. 4,1-10), јасно произлегува дека Тој не се поистоветил со сликата на оној Месија кој го очекувале Јудејците во Неговото време, нагласено кажуваќи дека Неговата месијка служба нема политички карактер: „И на другите градови треба да им благовестам за Царството Божјо; зашто на тоа сум пратен“ (Лк. 4,43). Се разбира, Тој не ја отфрлил месијската служба сама по себе, онаква каква ја опишале старозаветните пророци; пред сЕсѐ, не ја отфрлил идејата дека ќе се јави Месија во човечки облик, во лик на слуга, послушен до смрт( Филип. 2,7-8); но, го одбил онаквиот Месија кој не може да се помири со „Царството Божје“, кого луѓето го измислиле, а Бог не го сакал(Мк. 8,31-33). Значи, Тој морал да ја преуреди целата концепција за Месијата – пред сѐ од тоа што Евреите не можеле мислата за Месијата да ја поврзат со неопходноста за страдање; а Неговата концепција за Месија се содржи во зборовите дека „Синот човечки не дошол да Му се служи, туку да служи и жиотот свој да го даде во откуп за мнозина“(Мк. 10,45). Можеби поради тоа да не би се дало повод за грешно толкување на месијанската служба, Исус повеќе сакал да се молчи за Неговата истоветност со Месијата (Мт.16,20; Мк. 8,30; 9,9; Лк. 4,41); бил принуден да прибегнува кон понови и потешки називи за разбирање, а во основа идентични со поимот „Месија“, како на пример името „Син Човечки“(Мт. 9,6; Јн. 9,35). == Христос како месија ==Секеко дека Исус не ја формулирал Својата концепција за Месија, критикувајќи го месијанството на своето време. Да би се разбрала правилно Неговата концепција за месијанството, не треба да се меша процесот преку кој Апостолите и мноштвото народ постепено го препознаваат Христа – Месијата, во Исус од Назарет, со личното Исусово сведочење за својата идентичност и служењето како Христос – Месија. Како што произлегува од некои евангелски делови(места), уверението(вербата)дека во Исус од Назарет е самиот Бог лично присутен, и дека го извршува спасението на светот, постепено се формирало и се зацврсувало помеѓу Неговите ученици и слушатели(Јн. 12,16). Во почетокот се верувало дека е пророк(Јн. 4,19), или последен пророк, повисок од претходните пророци(Мк. 6,4; Лк. 7,16; 13,30; Дела 7,52), дека е нов Илија(Мк.4,25-27; 6,15; 7,16; уп. 1. Цар. 17,23-24), зашто се верувало дека Илија ќе биде претечата на Месијата(Мал. 3,23); дека е нов Мојсеј(Мк. 2,20; Дела 3,22; 7,32; уп. Изл. 4,10); дека е Јован Крстител кој воскреснал(Мк. 6,16); дека е човек потврден од Бога низ чуда(Дела 2,32; Лк. 24,19). Постојат одлучувачки моменти и дела кои допринеле за утврдување за ваквото убедеување – како што се чудата, Петровото исповедање(Јн. 6,69), прображението(Мк. 9,9), и посебно Неговото Воскреснување од мртите. Несомнено е дека стварноста на Воскресението ја зацврстила и усовршила верата дека Исус Христос е Син Божји. Римскиот капетан, задолжен за чувањето на гробот, кој немал други докази освен природните знаци кои го прателе настанот на распетието, можел да извикне: „Навистина овој беше Син Божји“(Мт. 27,54). А апостол Тома, откако се уверил во фактот на Воскресението, извикнува: „Господ мој и Бог мој“(Јн. 20,28). Од друга страна, како што произлегува од некои текстови, Самиот Исус ја потврдил Својата месијска служба, отворено признавајќи дека е Тој Христос – Месијата. Откако во назаретската говорница го прочитал текстот од Пророк Исаија(61,1), Исус порачува: „Денеска се изврши ова Писмо во вашите уши“(Лк. 4,21). Во разговорот со жената Самарјанка, откако таа Му рекла: „Знаеме дека ќе дојде Месија кој се вика Христос; кога Тој ќе дојде, ќе ни објави сЕ“, Исус И одговара: „Ја сум – којшто со тебе говорам“(Јн. 4,25-26). На прашањето на првосвештеникот: „Дали си ти Христос, Син на Благословениот?“, Исус му одговара: „Јас сум“(Мк. 14,61-62). Според тоа, не постои никаков сомнеж дека Исус бил свестен и убеден во тоа месијанство од самиот почеток на Својата работа, Тој потврдува дека Отецот Го пратил „Кој ме прима мене, го прима Оној кој ме пратил“, (Мт. 10,40; уп. Мт. 15,24; Мк. 12,6), и дека има иста природа и иста сила како и Бог, па затоа и тражи: „Верувајте во Бога, и во мене верувајте“(Јн. 14,1). Иако во неки прилики избегнувал отворено да каже дека е Месија, Исус секогаш исповеда дека има власт како и Бог, зашто е Син Негов. Кога јудејските власи во Ерусалим Го прашале: „Ако си ти Христос, кажи ни отворено“, исус им одовара: „Ви реков, па не верувате. Делата кои ги творам јас во името на Отецот свој, тие сведочат за мене“(Јн. 10,24-25). Тој оставил на тие кои ги слушале Неговите зборови ги виделе Неговите дела слободно да се уверат. Кога учениците на [[Свети Јован Крстител]], кои Јован ги пратил, го прашале: „Ти ли си Оној што ќе дојде, или друг да чекаме?“, Исус Одговара: „Одете и јавете му на Јована ова што слушате и гледате: ’слепи прогледуваат и хроми одат, лепрозни се чистат и глуви слушаат, мртви стануваат и на сиромашните се проповеда евангелие‘ “(Мт. 11,5).Врз основа на тие сведоштва и докази, Апостолите и огромното мнозинство на Неговите слушатели поверувале дека Исус од Назарет е „Оној кој треба да дојде“(Мт.11,3), односно очекуваниот Месија. Затоа Исусовото месијанство сочинува дел на исповедање на верата на првата Црква: „Кој е лажливец ако не оној кој порекнува дека Исус е Христос?“(1. Јн. 2,22). [[Свети Кирил Ерусалимски]] вели дека гревот на Јудејците од Спасителовото време бил во тоа што тие, иако признаваат дека е Тој Христос, не веруваат дека е тој Исус Христос – Месија(Катихеза X, 14). За Новозаветните писатели Исусовото месијанство доаѓа од Неговото Божество. Тој е Месија, како Син Божји(Мк. 14,61-62).Гледано од таа страна, можеби најубавото име Исусово е [[Емануил]], зашто тоа покажува дека Тој е Сам Бог кој дошол како личност меѓу луѓето, и дека Неговите дела се Божје Откровение. Тоа била заедничка вера во народот, која Никодим вака ја објаснува: „Рави, знаеме дека си учител дојден од Бога; зашто никој не може да ги твори(прави)овие чудеса кои ти ги твориш (правиш) ако не е Бог со него“(Јн. 3,2). Тој отворено исповеда: „Вам ви е дадено ги знаете тајните на Царството Божје...“(Мк. 4,11). Тој сведочи дека е неодделен од Отецот, од Кого доаѓа и Кого го нарекува "Авва - Оче", и неодделив е од Светиот Дух, кого ќе го прати како друг „Утешител“(Јн. 15,26). Тој Себе се гледа во единство со Бога – Света Троица. Затоа никој не може да каже "Господ е Исус, освен преку Духот Свет"(1. Кор.12,3).
== Христос во Православната вера ==
''А Он беше изнаранет за нашите гревови и мачен заради нашите беззаконија; казната за нашиот мир падна врз Него, а преку Неговите ради ние се излекувавме. Сите ние бевме заблудени како овци, се отстрани секој од патот свој, - и Господ ги возложи врз Него гревовите на сите нас. Он беше измачуван, но стадаше доброволно и устата Своја не ја отвораше; како овца Он беше одведен на колење, и како што е јагнето пред стрижачите свои безгласно, така и Он не ја отвори устата Своја... Ќе се зарадува поради трудот на душата Своја ќе види светлина. Праведниот Слуга Мој ќе ги оправда мнозина и гревовите нивни врз Себе ќе ги понесе. Затоа Јас ќе Му дадам големо наследство, со силните плен ќе дели, зашто душата Своја на смрт ја предаде, и меѓу злодејците беше вброен и ги понесе врз Себе гревовите на мнозина и за престапниците стана посредник.'' (Исаија 53, 5-7; 11,12)
Токму во Страдалнот Слуга се согледува единството на двата завети, Стариот и Новиот, во страданијата на второто лице на [[Пресвета Троица]], Господ Исус Христос.
===Во Новиот Завет ===
[[Категорија:Богословие]]
[[Категорија:Избрана статија]]
[[en:Jesus_Christ]]
[[el:Ιησούς Χριστός]]
290
уредувања

Прегледник