Промени

Прејди на: содржини, барај

Господ Исус Христос

Додадени 116 бајти, 19:42, 21 јули 2019
+en,pt,ru
[[Image:Pantokrator of Sinai.jpg|right|frame|[[Икона]] на Господ Исус Христос од манастирот Св. Екатерина на Синај]]
{{Вовед}}
'''Господ наш Исус Христос''' е Син Божји и Логос, втората личност на [[Света Троица]]. Кога дојде штом се исполни времето и „се воплоти од [[Бог Свет Дух|Светиот Дух]] и [[Пресвета Богородица|Марија Дева]]”, како Богочовек со Страдањата и Воскресението го спаси човечкиот род од гревот, пропадливоста и духовната смрт.
== Земниот живот на Господ Исус Христос ==
[[Image:Hristos_Spasitel_i_Zhiznodavec.jpg|250px|right|thumb|[[Икона]] на Господ Исус Христос од манастирот Св. Господово преображение во Зрзе - Христос Спасител и Жизнодавец]]
Иако немал [[грев]] (Јн. 8, 46), Исус прифатил својата искупителна мисија да ја започне со крштението од [[Свети Јован Крстител|Јован]] во Јордан (Мт. 3, 13-17). А тоа било поради тоа, да би ја исполнел светата должност (Лк. 7,29-30), односно „секоја правда“ (Мт. 3,15), но и да би ја назначел Својата крстна жртва. Овој пророчки чин – пратен од „теофанијата“, од богојавлението на Света Троица – покажува дека Исус веќе бил спремен да ги земе на Себе гревовите на светот (Јн. 1,29). После [[Свето Крштение|крштението]] во Јордан, Исус се враќа во Галилеја и интензивно се припрема за Својата мисија. Евангелистите синоптичари се сложуваат дека Исус ја започнал Својата служба после Јовановото фрлање во темница (Мт. 4,12; Мк. 1,14; Лк. 3,20 )и дека најголемиот дел на Своите јавни активности ги извршувал во Галилеја (Мт. 4,12; Мк. 1,39; Лк. 4,14). Лука говори за Исусовото патување во Самарија (Лк. 9,53), а Јован поопширно го изложува Исусовиот со жената Самарјанка покрај Јакововиот извор (Јн. 4, 1-43). Евангелистот Јован кажува дека Исус проповедал во Јудеја и дека многу пати патувал ви Ерусалим (Јн. 7,1-31), додека, пак, Евангелистот Матеј напомнува дека проповедал во Переја, од онаа страна на Јордан (Мт. 19,1). Тоа не е исклучено, зашто Исус навистина многу патуваше: „И одеше Исус по сите градови и села...“ (Мт. 9,35):во областа на Генисаретското езеро, во Капернаум (Мт. 14,31), во околината на Гергесина (Мт. 8,28), доаѓајќи дури до фениските северни градови Тир и Сидон (Мт. 15,21) и Кесарија Филипова (Мт. 14,13). Поради прогонот на Свети Јован Крстител, Исус го напуштил Назарет и се преселил во Капернаум (уп. Мк. 2,1; 9,1), место покрај Галилејското езеро, во земјата Завулонова и Нефталимова(Мт. 4,12-13). На самиот почеток на Својата спасителна мисија Исус трeбал да се бори, најпрвин против непомирливиот Божји противник, ѓаволот. Во пустината Исус [[Пост|постел]] 40 дена и имал тешки искушенија (Мт. 4,11). Ѓаволот имал намерува да го одврати Исуса од патот на кој беше тргнал. Но, Тој одлучно ги одбива ѓаволските предлози, со одговори земени од Стариот Завет (Пон. Зак. 8,3; 6,16; 6,13). Се подразбира дека времето на повлеченост во пустината било посветено на постот и нарочно на [[молитва]]та, која ја сметал како најважна припрема за Својата мисија. Заради тоа што постот бил религиозна јудејска пракса (Јн. 3,5-9), која дури и фарисеите ја почитувале (Лк. 18,12); постот ја прател молитвата. Исус го поминувал живитот во непрестајна молитва. Од малечок учествувал на служби во јудејските синагоги (Мт. 26,3). Тука се молел и пеел псалми (Мт. 15,34). И не се молел само во одлучни моменти на Својот живот (и тоа на многу начини), туку и Своите ученици ги советувал да се молат; па, дури и формулирал текст на молитвата(Лк. 11,1-4).
== Христологија ==
Како втора испостас на Пресвета Троица, Господ Исус Христос е Боголичноста пред која на необичен и чуден начин наидува човечкиот ум и срце. Самата Негова Личност е невозможно да се спознае без Божја помош, за што и Самиот Тој сведочи. Дури и неговите непосредни ученици и следбеници, кои секојдневно биле со Него, ги гледале чудата кои ги вршел, ги слушале Неговите поуки и беседи, не биле способни сами по себе, со моќта на човечкото познание да Ја сфатат Неговата личност. Не ретко Тој ги прашува нив Кој е Тој, при што добива различни и често несигурни одговори. Но кога на крај му одговараат дека „Ти си ХрустосХристос, Син на Живиот Бог“, Господ им посочува дека таа вистина за Него им е откриена не од нивниот човечки ум и срце, туку од Отецот небесен. Токму поради тоа Тој вели дека "никој не може Исуса да Го нарече Господ освен преку силата на Светиот Дух“.
Постојат три вистини за Исуса Христа, кои се сведуваат на една, а тие се:
Христос е и вистински човек; непријателите на Христијанството често ја оспорувале божествената природа на Христос, но речиси никогаш човечката (уште и самите Евреи наумиле да Го убијат, потврдувајќи ја Неговата човечка природа). И сведоштвата на апостолите држат до тоа дека Христос е вистински човек, потполн и совршен, Кој е на натприроден начин роден од [[Пресвета Богородица]] и Светиот Дух (Лк.1,26-55; 2,4-16; Мт.1,18-25), и Е безгрешен, слободен од прародителскиот грев при што дури ни фарисеите, Неговите најжестоки противници не можеле да најдат макар една грешка во Неговиот живот, учење и делување.
Овие две вистини се слеваат во едната вистина: дека Исус Христос е вистински Богочовек, една Личност, која во својата Божествена личнот ја прима човечката природа и ги соединува во неделиво единство во личноста на Логосот Божји. Новозаветното откровение јасно сведочи дека Богочовекот секогаш се чувствува и осознава себе како едно лице. Исто така и апостолите еднодушно чувствуваат, сознаваат и исповедуваат дека Богочовекот е една единствена личност, неделива и неизменлива, и како таков Христос ја открива тајната на Бога и тајната на човекот, станувајќи темел на Христијанството.
== Видете исто така ==
[[Категорија:Богословие]]
[[Категорија:Избрани статии]]
[[en:Jesus_Christ]]
[[el:Ιησούς Χριστός]]
[[en:Jesus Christ]]
[[es:Jesucristo]]
[[fr:Jésus Christ]]
[[pt:Jesus Cristo]]
[[ro:Iisus Hristos]]
[[ru:Иисус христосХристос]]
11.779
уредувања

Прегледник