Промени

Прејди на: содржини, барај

Господ Исус Христос

Одземен 1 бајт, 07:22, 27 април 2010
с
Христологија
== Христологија ==
Како втора испостас на Пресвета Троица, Господ Исус Христос е Боголичноста пред која на необичен и чуден начин наидува човечкиот ум и срце. Самата Негова Личност е невозможно да се спознае без Божја помош, за што и Самиот Тој сведочи. Дури и неговите непосредни ученици и следбеници, кои секојдневно биле со Него, ги гледале чудата кои ги вршел, ги слушале Неговите поуки и беседи, не биле способни сами по себе, со моќта на човечкото познание да Ја сфатат Неговата личност. Не ретко Тој ги прашува нив Кој е Тој, при што добива различни и често несигурни одговори. Но кога на крај му одговараат дека „Ти си ХрустосХристос, Син на Живиот Бог“, Господ им посочува дека таа вистина за Него им е откриена не од нивниот човечки ум и срце, туку од Отецот небесен. Токму поради тоа Тој вели дека "никој не може Исуса да Го нарече Господ освен преку силата на Светиот Дух“.
Постојат три вистини за Исуса Христа, кои се сведуваат на една, а тие се:
Христос е и вистински човек; непријателите на Христијанството често ја оспорувале божествената природа на Христос, но речиси никогаш човечката (уште и самите Евреи наумиле да Го убијат, потврдувајќи ја Неговата човечка природа). И сведоштвата на апостолите држат до тоа дека Христос е вистински човек, потполн и совршен, Кој е на натприроден начин роден од [[Пресвета Богородица]] и Светиот Дух (Лк.1,26-55; 2,4-16; Мт.1,18-25), и Е безгрешен, слободен од прародителскиот грев при што дури ни фарисеите, Неговите најжестоки противници не можеле да најдат макар една грешка во Неговиот живот, учење и делување.
Овие две вистини се слеваат во едната вистина: дека Исус Христос е вистински Богочовек, една Личност, која во својата Божествена личнот ја прима човечката природа и ги соединува во неделиво единство во личноста на Логосот Божји. Новозаветното откровение јасно сведочи дека Богочовекот секогаш се чувствува и осознава себе како едно лице. Исто така и апостолите еднодушно чувствуваат, сознаваат и исповедуваат дека Богочовекот е една единствена личност, неделива и неизменлива, и како таков Христос ја открива тајната на Бога и тајната на човекот, станувајќи темел на Христијанството.
== Видете исто така ==
3.103
уредувања

Прегледник