Разлика помеѓу преработките на „Беспристрасност“

Од Православна-енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
(New page: Беспристрасноста е отсуство на чувствена поврзаност за било кое нешто на земјата и за светот во целина...)
 
(нема разлика)

Последна преработка од 11:55, 9 ноември 2007

Беспристрасноста е отсуство на чувствена поврзаност за било кое нешто на земјата и за светот во целина. Многу често пак, беспристрасноста погрешно се разбира како отсуство на субјективност, пристрасност во донесувањето судови и оценувањето.

Беспристрасноста, во извесна смисла е рамнодушност кон сѐ што е земно. Човекот кој ја поседува доблеста на непристрасноста може да поднесе секакви лишувања во светот затоа што не тежнее кон ништо овоземно, туку само кон духовното, небесното и вечното.

Се разбира, пристрасноста е спротивен однос кон светот при кој човекот е емотивно, страсно врзан за овоземниот живот со сите негови пројави.