Свети великомаченик Пантелејмон

Од Православна-енциклопедија
Преработка од 22:04, 23 декември 2007; направена од Iacovibus (разговор | придонеси) (New page: '''Свети великомаченик Пантелејмон''' е роден во градот Никомидија во третиот век. По раѓањето бил нареч...)
(разл) ← Претходна преработка | Последна преработка (разл) | Следна преработка → (разл)
Прејди на: содржини, барај

Свети великомаченик Пантелејмон е роден во градот Никомидија во третиот век. По раѓањето бил наречен Пантелеон, но подоцна тоа име било заменето со Пантелејмон, што значи семилостив. Уште во детството бил воспитуван во христијанската вера, бидејќи мајка му била христијанка. Таа на своето дете му зборувала за Господовите заповеди, но за жал, таа умрела кога Пантелејмон бил сеуште дете. Неговиот татко бил ревносен многубожец и редовно го водел сина си во идолскиот храм. Од почетокот тој го дал синот на училиште, па по некое време го дал на прочуениот лекар Евросим за да добие лекарска пракса.учителот мнногу го сакал и го носел со себе и покрај него го засакал императорот Максимијан и му заповедал на Евросим да го чува убавото момче, бидејќи тој сакал да го земе во неговиот двор. Свети Пантелејмон секој ден одел кај својот учител. Патот го водел покрај една бедна куќичка во која живеел стар христијански свештеник Ермолај. Свештеникот Ермолај го засакал Пантелејмон и Господ му внел во срцето желба да го просвети момчето со светлината на вистинската вера. Го повикал момчето да влезе кај него и тој го распрашувал за верата на неговите одители, а тој му рекол дека мајка му била христијанка а татко му од Елинската вера и се поклонува на многу богови. Кога го запрашало момчето за неговата професија и занает, Ермолај почнал да му зборува за вистинскиот Бог, за чудата кои ги правел кога бил на земјата, кога со еден збор лекувал болни, изгонувал бесови и воскреснувал мртви. Срцето на момчето се исполнило со љубов кон Бога, со милост ја утврдил својата вера преку еден чуден настан.

Кога се враќал од кај учителот, видел мртво дете на патот каснато од змија. Првиот впечаток бил страшен бидејќи живата змија лежела до детето. Кога ги повикал зборовите на старецот за Божјата благодат, тој се обратил со молитва кон Христа за помош. Наеднаш детето се разбудило од сон а змијата умрела. Пантелејмон многу се израдувал и веднаш побарал да биде крстен од Ермолај. Тој веќе станал познат лекар, кај него се обраќале многу на помош. Еднаш донеле еден слеп, кој што никој не можел да го излекува во градот. Поучен од Божјиот дух, Пантелејмон го повикал вистинскиот Бог преку молитвата и тој човек оздравел. Набљудувајќи ги неговите дела, лекарите дознале дека Пантелејмон ги лекува затворениците - христијани и за тоа се пожалиле кај царот. Царот кога го повикал го праша каква вера исповеда и му рекол дека треба да ја исповеда верата на многуте богови. Тој му рекол : ”Јас сум се откажал од лажните богови и го прославувам Христа.” Рекол дека со тврдост може да ги поднесе страдањата а смртта заради Христа за него би била блаженство. Царот решил Пантелејмон да го фрли на ѕверовите. Ги пуштиле кај него лутите ѕверови, но Бог го избавил од смрт.

Потоа Максимијан го прашал кој го научин во таа вера, а тој одговорил свешштеникот Ермолај. Тој наредил да го доведат и него а кога го довеле тој му заблагодарил на Пантелејмон што го учи во верата. Тие повторно Го исповедале Големиот Бог и во тоа време царот наредил да го однесат во темница а на свештеникот да му ја отсечат главата. Царот сакал да се послучи со измама па му рекол дека неговиот учител се поклонил на боговите. Кога побарал да ги види, тој му рекол дека ги испратил во друг град да примат големо богатство. Кога виел царот дека тој не верува во тоа, наредил да му ја отсечат главата. По смртта христијаните го погребале неговото тело. Тоа се случило во 305-та година а неговите мошти почиваат во рускиот манастир на Света Гора.