Отвори го главното мени

Православна-енциклопедија β

Апостол

Преработка од 22:42, 20 декември 2009; направена од Iacovibus (разговор | придонеси) (Дванаесеттемина)

Апостол (грч: απόστολος) - пратеник, благовестник. Апостол е оној кој е испратен од Господ Исус Христос да го проповеда евангелието дека Тој е Спасителот, Кој заради нас и заради нашето спасение воскресна. Најчесто со овој термин се нарекуваат дванаесетте првоизбрани Христови ученици и следбеници (Лк 6,12-13; Мт 10,1-4; Мк 3,14).

Дванаесеттемина

 
Собор на дванаесетте апостоли

Дванаесетте апостоли (грч. Ο δωδέκατος απόστολος) се нарекуваат првите дванаесет најблиски ученици Христови. Бројот на апостолите укажува на бројот на Израилските племиња. Нивните имиња се:

Јуда го изгубил апостолството поради предавството, и додека неговото место не е потполнето, тие се нарекуваат единаесетте. На негово место, со жреб е избран Матеј (Дап 1, 25-26). На овој број приброен е и светиот апостол Павле, кој е избран од Бога на посебен начин (Дап 9,3-20). После Христовото Воскресени, бројот на апостолите е зголемен, затоа што Господ за време на овоземниот живот избра 70, односно 72 ткн. „мали“ апостоли.

Седумдесетмина

Седумдесетмината апостоли (грч: Εβδομήντα Απόστολοι), е заеднички именител на поширокиот круг Христови ученици. На овој начин терминот го користи светиот апостол Лука, кога изрично укажувa на изборот и испраќањето на Седумдесетемина: „Потоа Господ и други седумдесет ученици и ги испрати пред Себе по двајца во секој град и место, каде што и Сам сакаше да оди“ (Лука 10,1) Црквата го слави споменот на светите Седумдесет апостоли на 17 јануари, а покрај овој ден, секој од седумдесетемина се слави и одделно во текот на литургиската година.

Имињата на седумдесетмината се: Јаков, брат Господов, Марко и Лука евангелисти, Клеопа, Симеон, Варнава, Јуст, Тадеј, Ананниј, првомаченик Стефан, Филип, Прохор, Никанор, Тимон, Пармен, Тимотеј, Тит, Филимон, Онисим, Епафрас, Архип, Сила, Силуан, Крискент, Флегонт, Епенет, Андроник, Стахиј, Амплиј, Урван, Наркис, Апелиј, Аристовул, Иродион, Агав, Руф, Асинкрит, Флегонт, Ерма, Патров, Ермиј, Лин, Гај, Филолог, Луциј, Јасон, Сосипатр, Олимп, Тертиј, Ераст, Кварт, Евод, Онисифор, Климент, Сосфен, Аполос, Тихик, Епафродит, Карп, Кодрат, Марко, Зин, Аристарх, Пуд, Трофим, Марко, Артем, Акил, Фортунат и Ахаик, Дионисиј Ареопагит и Симеон Нигер.

Уште во третиот век, Доротеј Тирски ја дава листата со седумдесете апостоли, иако постојат рани преводи на Светото Евангелие по Лука, каде се спомнуваат седумдесет и два апостола. Дел од овие апостоли отпаднале од Христа, по примерот на Јуда Искариот.