Разлика помеѓу преработките на „Шаблон:Featured“
с |
|||
Ред 1: | Ред 1: | ||
− | + | '''Велигденски пост''', односно '''Великиот пост''' е периодот од четириесет подготвителни денови за [[Страстна седмица|Страдалната седмица]] и [[Пасха]]. Во Посниот Триод се сместени светите богослужби за време на Великиот пост, како и подготвителните недели кои му претстојат. Светата Четириесетница е востановена во чест и спомен на Страдањата и Воскресението на [[Господ Исус Христос]]. | |
− | ''' | ||
− | + | Првичната цел на предвелигденскиот пост била насочена кон огласените, кои се припремале да бидат крстени токму на Пасха; оваа првична цел и значење била проширена уште во првите векови, со што и христијаните земале учество во овој пост, со цел да се подготват за Христовото Воскресение. Овој пост е символ на човечковиот живот, кој својата полнота ја доживува во воскресението од мртвите преку Христа и во Христа. Во овој пост Црквата ги повикува своите чеда на засилено покајание и молитва, очистување на умот, срцата, душите и телата и творење на добри дела во подвигот на љубовта, Христа ради. | |
− | + | За време на Великиот пост, верните го ограничуваат внесувањето на храна, ја засилуваат домашната и заедничка молитва, се трудат да се каат и да прават добри дела. Внесувањето на храна е ограничено на растенија кои се приготвуваат без употреба на масло. Месото и млечните прозиводи, виното и маслото не се користат во исхраната. Бидејќи строгиот пост е строго канонски забранет во сабота и недела, масло и вино се употребуваат во тие два дена (освен на [[Велика Сабота]]). Риба се употребува само на [[Свето Благовештение|Благовештение]] и Цветници (Врбица). Ако Благовештение се падне пред Цветници, тогаш на денот на Благовештение се разрешува на масло и вино. | |
− | + | [[Велигденски пост|повеќе]] | |
− | |||
− | [[ |
Преработка од 07:57, 21 февруари 2011
Велигденски пост, односно Великиот пост е периодот од четириесет подготвителни денови за Страдалната седмица и Пасха. Во Посниот Триод се сместени светите богослужби за време на Великиот пост, како и подготвителните недели кои му претстојат. Светата Четириесетница е востановена во чест и спомен на Страдањата и Воскресението на Господ Исус Христос.
Првичната цел на предвелигденскиот пост била насочена кон огласените, кои се припремале да бидат крстени токму на Пасха; оваа првична цел и значење била проширена уште во првите векови, со што и христијаните земале учество во овој пост, со цел да се подготват за Христовото Воскресение. Овој пост е символ на човечковиот живот, кој својата полнота ја доживува во воскресението од мртвите преку Христа и во Христа. Во овој пост Црквата ги повикува своите чеда на засилено покајание и молитва, очистување на умот, срцата, душите и телата и творење на добри дела во подвигот на љубовта, Христа ради.
За време на Великиот пост, верните го ограничуваат внесувањето на храна, ја засилуваат домашната и заедничка молитва, се трудат да се каат и да прават добри дела. Внесувањето на храна е ограничено на растенија кои се приготвуваат без употреба на масло. Месото и млечните прозиводи, виното и маслото не се користат во исхраната. Бидејќи строгиот пост е строго канонски забранет во сабота и недела, масло и вино се употребуваат во тие два дена (освен на Велика Сабота). Риба се употребува само на Благовештение и Цветници (Врбица). Ако Благовештение се падне пред Цветници, тогаш на денот на Благовештение се разрешува на масло и вино. повеќе