Разлика помеѓу преработките на „Недела на митарот и фарисејот“
(Создадена страница со: right|frame|Митарот и Фарисејот во Храмот '''Неделата на митарот и фарис...) |
с |
||
Ред 1: | Ред 1: | ||
− | [[Image:Publican Pharisee.jpg|right|frame|Митарот и | + | [[Image:Publican Pharisee.jpg|right|frame|Митарот и фарисејот во Храмот]] |
'''Неделата на митарот и фарисејот''' претставува почетно поглавје од Посниот Триод, литургиска книга што се користи за време на Великиот пост. Таа е прва од четирите подготвителни недели пред почетокот на Великиот пост. Нејзе ѝ претходи Неделата на Закхеј, а по неа следи [[Недела на блудниот син|Неделата на блудниот син]]. | '''Неделата на митарот и фарисејот''' претставува почетно поглавје од Посниот Триод, литургиска книга што се користи за време на Великиот пост. Таа е прва од четирите подготвителни недели пред почетокот на Великиот пост. Нејзе ѝ претходи Неделата на Закхеј, а по неа следи [[Недела на блудниот син|Неделата на блудниот син]]. | ||
Преработка од 19:39, 23 февруари 2013
Неделата на митарот и фарисејот претставува почетно поглавје од Посниот Триод, литургиска книга што се користи за време на Великиот пост. Таа е прва од четирите подготвителни недели пред почетокот на Великиот пост. Нејзе ѝ претходи Неделата на Закхеј, а по неа следи Неделата на блудниот син.
Значење
Фокусот на оваа недела е на Евангелието според Лука, 18, 10-14, во која е пренесена параболата за двајцата мажи, од кои едниот е корумпиран митар (цариник), а другиот е фарисеј, надворешно пристоен и праведен религиозен човек. Макар што фарисејот е оправдан пред Законот, неговата гордост заработува осуда од Бога. Митарот пак, иако целосно грешен и виновен, поради неговот смирено просење милост од Бога, бива оправдан според големото човекољубие Божјо.
Средата и петокот што следуваат по оваа недела не се пости, за и на тој начин христијаните да бидат потсетени дека сета нивна аскеза и подвизи, нивната надворешна набожност може да послужат за осуда и вечна погибел, доколку од нив се направи идол и се нема смирение.
Химнографија
Тропар
- глас осми
- Отвори ми ги дверите на покајанието, Животодавче,
- оти утренува духот мој кон светиот Твој храм,
- носејќи го храмот (мој) телесен, сиот осквернет:
- но како штедар очисти ме,
- со благоутробната милост Твоја.
Кондак
- глас четврти
- Да бегаме од фарисејското високословие,
- и да се научиме на височините на смиренословието на митарот,
- покајно возвикувајќи:
- Спасителу на светот,
- очисти го слугата Твој.