Разлика помеѓу преработките на „Недела на Чесниот Крст“
с |
с (→Значење) |
||
Ред 5: | Ред 5: | ||
Оваа недела Црквата ја посветува на богооткриената вистина дека на Крстот [[Господ Исус Христос|Христос]] бил положен како „Божја сила и Божја Премудрост“ (1Кор 1,24). Оваа недела на средината на Велигденскиот пост крстот е поставен на средината на црквата, не само за да ги потсети верните на покајание и да ги поттикне во продолжувањето на подвигот, но и да ги потсети дека „кој не го земе крстот свој и не оди по Мене, не е достоен за Мене.“ (Матеј 10,38) | Оваа недела Црквата ја посветува на богооткриената вистина дека на Крстот [[Господ Исус Христос|Христос]] бил положен како „Божја сила и Божја Премудрост“ (1Кор 1,24). Оваа недела на средината на Велигденскиот пост крстот е поставен на средината на црквата, не само за да ги потсети верните на покајание и да ги поттикне во продолжувањето на подвигот, но и да ги потсети дека „кој не го земе крстот свој и не оди по Мене, не е достоен за Мене.“ (Матеј 10,38) | ||
− | === Историско === | + | === Историско значење === |
Историското значење, кое се согледува во химнографијата на оваа недела, е победата и радоста на крстот. Светите Отци го поистоверуваат живототворниот крст со дрвото на животот и токму затоа го „засадиле“ во средината на Великиот пост. Крстот е дрвото кое било посадено во рајската градина, и преку него верните се потсетуваат на благословеноста Адамова и неговото отпаѓање од неа. | Историското значење, кое се согледува во химнографијата на оваа недела, е победата и радоста на крстот. Светите Отци го поистоверуваат живототворниот крст со дрвото на животот и токму затоа го „засадиле“ во средината на Великиот пост. Крстот е дрвото кое било посадено во рајската градина, и преку него верните се потсетуваат на благословеноста Адамова и неговото отпаѓање од неа. | ||
− | === Духовно === | + | === Духовно значење === |
За ранохристијанските катихумени, духовното воздигнување за време на постот од оваа недела се менува: од личната вера и личните борби, кон Христа. Црквата од овој момент започнува да учи дека Христовиот Крст е тој кој спасува; човекот не може да го земе својот крст и да Го следи Христа, освен ако неговиот крст не е Христов, односно крстот кој го спасува човештвото. Земајќи учество во тоа дрво, човекот нема веќе да умре, туку вечно ќе живее. | За ранохристијанските катихумени, духовното воздигнување за време на постот од оваа недела се менува: од личната вера и личните борби, кон Христа. Црквата од овој момент започнува да учи дека Христовиот Крст е тој кој спасува; човекот не може да го земе својот крст и да Го следи Христа, освен ако неговиот крст не е Христов, односно крстот кој го спасува човештвото. Земајќи учество во тоа дрво, човекот нема веќе да умре, туку вечно ќе живее. | ||
− | Сето ова се прави за да се возобноват силите, и да се охрабрат оние кои го постат постот. Апостолот се чита од Посланието кон Евреите 4,14-5,6 и го објаснува Христовото свештенство, а Евангелието е Марково 8,34-9,1 и завршува со следните зборови: „''И им рече: “Вистина, ви велам: тука стојат некои, што нама да вкусат смрт, дури не го видат царството Божјо, дојдено со сила.''” | + | Сето ова се прави за да се возобноват силите, и да се охрабрат оние кои го постат постот. Апостолот се чита од Посланието кон Евреите 4,14-5,6 и го објаснува Христовото свештенство, а Евангелието е Марково 8,34-9,1 и завршува со следните зборови: „''И им рече: “Вистина, ви велам: тука стојат некои, што нама да вкусат смрт, дури не го видат царството Божјо, дојдено со сила.''” |
== Химнографија == | == Химнографија == |
Преработка од 15:56, 1 март 2010
Недела на Чесниот Крст е третата недела на Великиот пост, позната и како Крстопоклона недела. Службите од оваа недела вклучуваат посебно чествување на Крстот, со што верните се подготвуваат за споменот на Распнувањето во Страстната седмица.
Содржина
[скриј]Значење
Оваа недела Црквата ја посветува на богооткриената вистина дека на Крстот Христос бил положен како „Божја сила и Божја Премудрост“ (1Кор 1,24). Оваа недела на средината на Велигденскиот пост крстот е поставен на средината на црквата, не само за да ги потсети верните на покајание и да ги поттикне во продолжувањето на подвигот, но и да ги потсети дека „кој не го земе крстот свој и не оди по Мене, не е достоен за Мене.“ (Матеј 10,38)
Историско значење
Историското значење, кое се согледува во химнографијата на оваа недела, е победата и радоста на крстот. Светите Отци го поистоверуваат живототворниот крст со дрвото на животот и токму затоа го „засадиле“ во средината на Великиот пост. Крстот е дрвото кое било посадено во рајската градина, и преку него верните се потсетуваат на благословеноста Адамова и неговото отпаѓање од неа.
Духовно значење
За ранохристијанските катихумени, духовното воздигнување за време на постот од оваа недела се менува: од личната вера и личните борби, кон Христа. Црквата од овој момент започнува да учи дека Христовиот Крст е тој кој спасува; човекот не може да го земе својот крст и да Го следи Христа, освен ако неговиот крст не е Христов, односно крстот кој го спасува човештвото. Земајќи учество во тоа дрво, човекот нема веќе да умре, туку вечно ќе живее.
Сето ова се прави за да се возобноват силите, и да се охрабрат оние кои го постат постот. Апостолот се чита од Посланието кон Евреите 4,14-5,6 и го објаснува Христовото свештенство, а Евангелието е Марково 8,34-9,1 и завршува со следните зборови: „И им рече: “Вистина, ви велам: тука стојат некои, што нама да вкусат смрт, дури не го видат царството Божјо, дојдено со сила.”