Разлика помеѓу преработките на „Шаблон:Featured“

Од Православна-енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
с
с
 
(Не се прикажани 67 меѓувремени преработки од 2 корисници)
Ред 1: Ред 1:
За '''[[Свети Тајни]]''' во Православието се сметаат сите нешта, од најмалото до најголемото, и за неа сѐ е Света Тајна. Сиот живот во Бога е светотаински. Животот на [[Господ Исус Христос]] непрестано се оприсутнува во Свeтата Црква, а Светата Црква по зборовите на [[Свети Никола Кавасила]] е присутна во Светите Тајни. Тајни, или misteryon, се свети дејства во кои преку видливо дејство на душата на човекот кој верува, невидливо и се дарува Божјата благодат. Светите Тајни се постојана мистична врска која го соединува човековиот живот со Бога. Тие се плодови на животот и смртта на Господ Исус Христос и низ нив тече скапоцената крв на Спасителот. Светите Тајни, исто како и Црквата, се и видливи, и невидливи и во секоја од нив се наоѓа надворешен, видлив знак и внатрешна духовна благодат. Според зборовите на [[Свети Јован Златоуст]], тие се нарекуваат тајни токму поради тоа што она во што веруваме за нив не е исто со она што го гледаме; ние гледаме едно, а веруваме во друго.
+
'''Светлино тивка''' (цсл. „Све́те ти́хий“, ст.грч. „Φῶς Ἱλαρόν“, лат. „Lumen Hilare“) е едно од најраните христијански молитвословија од небиблиско потекло кое непрекинато се користи повеќе од 15 века на Вечерната богослужба.
  
Како продолжение на тајната на Христовото присуство на земјата, носат во себе две битни обележја: тие се како икона на идниот век и, секогаш се остваруваат во заедница Света Црква. Во нив верниците задобиваат предвкус на Царството Божјо кое дошло и доаѓа, иако сеуште не во својата полнота.  
+
[[Молитва]]та „Светлино тивка“ за прв пат е забележана во Апостолските Установи кои датираат од доцниот трет и почетокот на четвртиот век по Христа. Сместена е во збирка на песнопенија за коишто авторот на Установите препорачува да се пеат наутро, навечер, пред јадење и при палењето на светилата. [[Свети Василиј Велики]] го спомнал ова молитвословие како дел од живото предание. Уште во негово време (средината и крајот на четвртиот век) оваа молитва се сметала за древна.
  
Бидејќи се наоѓаат во Светата Црква, тие се неопходни за сите нејзини членови. Тоа Светата Црква го изразила во десеттиот член од Символот на Верата кој гласи: ” Исповедувам едно крштение за опростување на гревовите ”. Иако во овој член се спомнува само Св. тајна Крштение, се подразбираат и останатите Св. Тајни, а тоа е спомнато затоа што преку него се влегува во Св. Црква, а и се стекнува право на сите Свети Тајни.[[Свети Тајни|повеќе]]
+
Имено, според едно предание, на Гробот Христов во Ерусалим стоело постојано запалено кандило чија светлина ја символизирала живата Христова Светлина. Христијаните се собирале околу Гробот, а химната „Светлино тивка“ се пеела при изнесувањето на свеќа запалена од кандилото на гробот, чијшто пламен ја повикувал Црквата да Го слави Господа воскреснатиот. „Свете тихиј“ е првото целосно песнопение што може да се смета за такво во денешна смисла на зборот.
 +
 
 +
Се верува дека свети Атиноген, кој се слави на 16 јули според стариот календар, а кој пострадал за време на диоклецијановите прогонства, на патот кон неговото губилиште ја испеал оваа песна. Иконата на којашто е прикажан овој светител ја доловува сцената на еден постар Епископ кој пее додека чека да биде погубен; раката на мачителот, пак, стои парализирана додека свештеномаченикот ја произнесува оваа последна своја молитва.
 +
 
 +
[[Светлино тивка|Повеќе]]

Последна преработка од 17:23, 4 февруари 2014

Светлино тивка (цсл. „Све́те ти́хий“, ст.грч. „Φῶς Ἱλαρόν“, лат. „Lumen Hilare“) е едно од најраните христијански молитвословија од небиблиско потекло кое непрекинато се користи повеќе од 15 века на Вечерната богослужба.

Молитвата „Светлино тивка“ за прв пат е забележана во Апостолските Установи кои датираат од доцниот трет и почетокот на четвртиот век по Христа. Сместена е во збирка на песнопенија за коишто авторот на Установите препорачува да се пеат наутро, навечер, пред јадење и при палењето на светилата. Свети Василиј Велики го спомнал ова молитвословие како дел од живото предание. Уште во негово време (средината и крајот на четвртиот век) оваа молитва се сметала за древна.

Повеќе