Разлика помеѓу преработките на „Исихазам“
с (→Надворешни врски) |
с (→Надворешни врски) |
||
Ред 34: | Ред 34: | ||
*[http://www.mpc.org.mk/mpc/se/vest.asp?id=655 Македонска Православна Црква - Школа за исихазам] | *[http://www.mpc.org.mk/mpc/se/vest.asp?id=655 Македонска Православна Црква - Школа за исихазам] | ||
*[http://www.hesychasm.ru/en/library.htm Исихазам: книги, статии и врски] | *[http://www.hesychasm.ru/en/library.htm Исихазам: книги, статии и врски] | ||
− | *[http://rankovic.bfspc.bg.ac.yu/?q=node/5 Исихазам] *[http://www.oca.org/OCchapter.asp?SID=2&ID=195 Исусовата Молитва] | + | *[http://rankovic.bfspc.bg.ac.yu/?q=node/5 Исихазам] |
+ | *[http://www.oca.org/OCchapter.asp?SID=2&ID=195 Исусовата Молитва] | ||
*[http://www.monachos.net/patristics/palamas_theology.shtml Три основни аспекти на теологијата на св. Григориј Палама] | *[http://www.monachos.net/patristics/palamas_theology.shtml Три основни аспекти на теологијата на св. Григориј Палама] |
Преработка од 23:42, 5 септември 2007
Исихазам (или паламизам, грч. ἡσυχασμός) е движење кое дошло до израз особено во 14 век, и кое е органски поврзано со личноста на св. Григориj Палама (нему св. Црква му ја посветила втората недела од Великиот пост), долго време заборавено во Македонија, а под влијание на западната литература било и презирано. Дефининирањето на исихазмот е поврзано со контроверзи, при што некои сакале да го прикажат дури и како “ болен мистицизам” на минатото.
Содржина
Терминот исихазам, исихија
Зброто „исихија“ буквално значи “Mир”, “Мирување”, “Тишина”. Меѓутоа, кај православните подвижници означувало нешто многу повеќе и имало подлабока смисла. Она што го карактеризира човекот и светот во кој живее, е постојаниот немир и променливост. Оттаму човекот постојано чезнее за спокојство. И како што сведочи искуството дека “мирно море” не се наоѓа на површината на морето, туку во неговите длабочини, така внатрешниот мир треба да се бара во длабочините на човекот. Исихиата е токму тоа: барање на таков внатрешен мир, кој го надминува секој ум. Тоа не е просто спокојство, наоѓање на мирно место за живеење и пребивање, туку битијно собирање на човечкото битие во својот центар; а преку него собирање во Бога и Бога, како единствен извор на вистинскиот мир. Оттаму, најдобар превод на зборот “исихија” е оној на о. Јустин Поповиќ: “Moлитвено Тихивање”. Бидејки тоа собирање може да се достигне само преку верата, покајанието, постот и молитвата. Тихување не значи пасивност. Тоа бара огромен духовен напор и борба против страстите кои се праизвор на целокупната човекова расеаност и растуреност. Објаснувајќи го овиј мир, св. Григорие Палама вели, додека пророкот Мојсеј молчел, се слушал слушнал гласот Божји: “зошто викаш кон Мене”( 2 Мој. 14гл. 15ст.). Тоа молчење е погласно од говорот, тишина која расте во длабочинскиот повик на битието. Кој се здобие со такво молитвено тихување, вели св. Јован Лествичник, ја познал длабочината на тајната.
Исихазмот во минатото
Исихазмот обично се врзува за гореспоменатото духовно-светогорско движење од 14 век. Но ако работите малку подлабоко се погледнат, тоа е карактеристично за целокупниот православен живот. Доволно е да се погледне во древниот Старечник, збирка изреки на египетските старци, па човек да се увери, дека исихазмот не е некој нов пронајдок ( изум ), туку тој постои како начин на живот и пат за спасение. Тоа е поточно Мариино служење( милување) на нозете Исусови, често присутно во животот на св. Црква. За исихастите зборуваат и Отците на старохристијанската Црква. Во 5 век во палестинскиот манастир св. Сава се споменува некој пустиник Јован кој животот го минувал во “молитвено тихување”. За исихастите се зборува и во Јустинијановото законодавство, а се спомнува и во 41 канон на Трулскиот собор. Големиот подвижник на 6 век, преподобен Јован Лествичник, 27 Слово во својата Лествица, која оставила огромен впечаток и на Исток и на Запад, го посветува на “Свештеното тихување на душата и телото” и “разликите и разликувањето во мирувањето”. Исихиата за него е идеал, како и за многумина пред него. Меѓутоа, тој е свесен за опасноста која таа во себе ја крие. Затоа препорачува постојана будност и смирение, кое го чува го чува подвижникот од гордоста , од таа “сеопфатна смрт”. Св. Јован Лествичник советува за вистинско сакање на духовниот живот: Непрестаното спомнување и мислење на Господа Исуса Христа нека се соедини со твоето дишење, и тогаш ќе почувсвуваш корист од молитвеното тихување. Овде всушност се работи за постојано љубовно општење со Христа, кое има за цел соединување со Бога и со неговиот “свет наднебесен оган, кој нечистите ѓи гори, а другите (чистите) ги осветлува по “мера на совршенството”(Слово 28).
Св. Григорие Ниски во толкувањето на Псалмите зборува за Мојсеј, дека поминал четириесет години оддалечен од луѓето, пребивајки во “молитвено тихување”, созерцавајки невидливи работи. Според преподобен Исак Сирин, “исихија” е врв на совршенството и “мајка на покајанието”. Тој ја нарекува и “почеток на очистувањето”. Според истиот свет отец, зборовите се орган на овој свет; молитвеното тихување, кое бара радикално одрекување од светот како желба на телото, страст на очите и гордост на животот, го употребува како орган на молчењето во кој е тајната на идниот век.
Учења и карактеристики
Законот на животот според св. Григорие Богослов се состои во ова: “Бога треба повеќе да го споменуваме од дишењето”. Само така може да се исполни целта на христијанскиот живот: постигнување заедница со Бога, причестување и гледање на Бога. Тоа е основната идеа на исихастите низ сите времиња, богословски потврдена и озаконета во Црквата, прво низ Ареопагитските списи, а потоа и во делата на преподобен на преподобен Максим Исповедник. Тоа се, заедно со Евагрие, св.Исак Сирин, а особено преподобен Симеон Нов Богослов, духовните родоначалници на светогорските исихасти. Според нивното учење, Бог е светлина и претстојува ( почива ) во неискажлива светлина. Затоа оној кој постигнува заедница со Бога ,-се причестува со Неговата вечна светлина, притоа постанувајки и сам светлина. Тоа се постигнува со вера и добродетели, oд кои “Исихиата” е најсовршена; останатите добродетели се пат кој кон неа водат.
Молитвениот тиховател треба да биде и како Мојсеј на врвот на Синајската гора, да пребива таму сам и да влегува во облак, криејќи се од очите на другите. Ако би така работел, не само што ќе го види Бога “од позади”( во облак ), туку јасно ќе му се открие лицето Божјо. Гледајќи го само Бога, од Бога и ќе биде гледан, и слушајќи го Неговиот глас, прво нему на таинствен начин, ќе му се откријат тајните на Црквата Божја, а потоа тој на другите им даде закон; ќе се просвети, а потоа со својата светлина и други ќе просвети; ќе биде помилуван, потоа и тој други ќе милува. Таквиот бара и добива, па кога ќе добие-дава на оние кои од него бараат; ја раскинува врската со злото, а потоа ја раскинува и на другите.
Незаситената жед и глад за Бога и Неговата вечна светлина е основна движечка сила за радикално откажување од светот кое го бара преподобен Симеон Н. Богослов. Тука не се работи за некаква апстрактна философија или религиозен мистицизам, туку за пробен ( опитен ) светотаински и светодобродетелски реализам. Тоа е жед на крстените и насочени души во светлоста на Трисончевото Божество, за општење со Христа Бога, во црквата на живиот Бог, со силата на Светиот Дух, преку очистување и духовна борба. Дека таа жед не е само својство на монасите или пустиниците, туку е во природата на сите христијани, сведочи преподобен Петар Дамаскин на околу 200 години пред св. Симеон Н. Богослов. “ Тоа е подвиг, вели тој, кој е потребен на сите луѓе, било поединечно, било целосно. Без него е невозможно да се здобие со духовно знаење и смиреноумие; оној кој го сака, преку него му стануваат јасни Божјите Писма и сите скриени тајни”.
Исихазмот на Света Гора Антоска
Токму оваа жед и подвиг е создадена, растела, живеела и живее Св. Гора Атонска. Од самиот почеток светогорските подвижници го зграбиле исихазмот. Св. Гора, по својата природа е место за “ исихија ”, а истовремено и “ огниште на добредетелите ”. Она што пишува за првиот светогорски пустиник, преподобен Петар Атонски, дека: ”своите очи, душа, и ум, ги утврдил на небото, се откажал од дома, од татковината, од родителите, пријателите и кажувајки им на сите збогум, својот живот го посветил на Бога...”, тоа било и останало евангелско правило на сите негови духовни следбеници. За него св. Григорие Палама ( еден од тие следбеници ), вели дека со своето умерено и полно ( вистинско ) воздржување во животот “здобил силна умствена сила”.
Преку тоа собирање на сите душевни и духовни сили, човекот се ослободува од својот страствен однос спрема себе и светот, ја симнува од себе “лошата маска”. Тоа е патот на собирање по созданијата и надвор себе на рассеаното човечко битие, патот на здобивање на вистински мир, богосознание, обожување преку причестување со Божјата благодат, и патот кон вечно усовршување и кон подобро напредување. Исихастот од таков вид, откажувајќи се од се богољубиво и богољубно, стои пред Бога “глув и нем” победувајќи го законот на материјата, а душата му се преобразува со Божја благодат, предавајќи му и на телото “знаци” на Божјата убавина.
Тој исихастички метод на освојување на внатрешниот простор е пренесен од ова светогорско огниште и меѓу словенските народи. Големите руски препородители: св. Антоние Печерски ( основач на руското монаштво), св. Мојсеј Угрин, св. Нил Синајски, св. Нил Сорски, Св. Серафим Саровски и другите Саровски и оптински Старци од минатиот век, биле големи љубители на исихијата.