=== Несторијанска ерес ===
[[Свети Василиј Велики]], Григориј Богослов, Јован Златоуст, Атанасиј Велики и многу други посебно го спомнуваат зборот - Богородица. А кога се појавила [[Нестор]]иевата [[ерес]] во петтиот век, александрискиот патријарх Кирил многу силно ја бранел православната наука за Богородица.
Еретикот Несториј мислел дека Мајката по тело, пресветата дева, не го родила Господа Исуса Христа, Синот божји и затоа не треба ни да се нарекува Богородица. Свети Кирил одговарајќи на оваа лажна наука, секаде во своите списи ја исповеда пресветаta дева за вистинска Богородица. Мислејќи на воплотувањето на Синот Божји, овој свет отец вели: Браќа, ние исповедаме дека од света дева и Богородица Марија се роди едниот ист: и совршен Бог и совршен човек со разумна душа; затоа и ја признаваме светата дева и ја нарекуваме Богородица: Бог Син, беше во неа не привидно, туку целосно, вистинито. А на еретикот му вели: Господ го зеде на себе нашето сопствено тело и стана човек од жена, а не престана да биде Бог и роден од (Бога) Отецот; туку и тогаш кога го прими човештвото остана Оној Кој беше; на тоа секаде учи словото на вистинската вера; ние се уверуваме дека така мислеле светите отци, па и пресвета дева ја нарекле Богородица.