Промени

Прејди на: содржини, барај

Пресвета Богородица

Додаден 51 бајт, 21:20, 1 декември 2007
с
нема опис на уредувањето
Науката на Православната црква за пресвета дева Марија се искажува во овие главни вистини:
# Таа навистина е мајка на Господ Исус Христос и според тоа е '''Богородица'''; # Таа е '''секогашдева ''' - до раѓањето, при раѓањето и по раѓањето, секогаш била и останала дева; # Таа е '''поголема ''' од сите небесни сили и од сите светители, '''почесна ''' е од херувимите и '''пославна ''' од серафимите; # Таа е прва после Бога и пред Бога - наша '''застапничка ''' и '''помошничка'''.
Дека пресвета дева Марија навистина е мајка на Господа Исуса Христа потврдуваат и [[апостоли]]те и сите Православни христијани од сите векови и сите народи. Ова го докажуваат и сведоштвата на светите отци и црковните учители, го докажуваат песните и молитвите, кои секогаш се читаат и пеат во црквите и неодречно го докажуваат и делата на вселенските собри.
Третата вистина, како последица на претходните, го изнесува величеството на мајката Божја, кое ги надминува сите луѓе и сите ангелски чинови. Светите отци и црковните учители ја слават пресветата дева со највозвишени пофалби. "О, чудо, кое е поголемо од сите чуда, воскликнува свети Дамаскин, жена стана поголема од серафимите поради тоа, што Бог се појави нешто помалку намален пред ангелите. Таа е Госпоѓа и Владичица над сите созданија". На [[Седми вселенски собор|Седмиот вселенски собор]] беше читано писмото на светиот патријарх Герман, што му го пишувал на епископот Јован, во кое стоеше ова: „ние ја почитуваме и ја величаме дева Марија како вистинска мајка на вистинскиот Бог и ја признаваме како поголема од сите видливи и невидливи созданија.“
Покрај тоа, соборот нареди да се почитуваат иконите на нашиот Господ Бог и Спасител Исус Христос и на пресвета Богородица, исто така и иконите на светите ангели и на сите светители (кн. прав.). Од тоа време, во Православната црква, многу вешти и мудри писатели напишаа богослужбени песни, во кои огнено се прославува Богомајката, која според чест е поголема од херувимите и серафимите. И во секоја богомолитва, а особено во деветтата песна од каноните, секогаш се велича и слави Божјата Мајка.
Четвртата вистина му е многу драга на човештвото; зашто во многу незгоди и жалости во земниот живот можеме да побараме помош и застапништво од милостивата Богородица.
* Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица)
Светата [[Православна цркваЦрква]] секоја [[молитва ]] ја завршува со молитвата: '''Пресвета Богородице, спаси нѐ'''. Секој ден молитвата завршува со оваа прозба: '''Пресвета Приснодево, мајко на Христа Бога, принеси ја нашата молитва на твојот Син и нашиот Бог, преку тебе да ги спаси нашите души!'''
[[Категорија:Богословие]]
3.103
уредувања

Прегледник