Празникот '''Успение на Пресвета Богородица''' се слави на петнаесетиот ден од месец август (28 според новиот календар). Нему му претходи двонеделен Богородичен, или Преображенски пост. Овој празник го слави успението, [[воскресение]]то и прославувањето на [[Пресвета Богородица]], и нејзиното преселување во Царството Божјо во полнотата на нејзиното духовно и телесно постоење.
== Предание за празникот ==
[[Image:Dormition.jpg|frame|десно|Успение на Пресвета Богородица]]
Како што е случајот со празнувањето на рождеството на [[Пресвета Богородица]], и нејзиното Воведување во Храмот, не постојат библиски ниту историски извори кои се поврзуваат со овој празник. Црковното Предание учи дека Богородица се упокоила како и сите луѓе, не своеволно, како нејзиниот Син, туку според нејзината смртна човечка природа сврзана со овој свет. Како и сите други празники посветени на Пресвета Богородица, православните христијани ги слават нивните животи во Христа и Светиот Дух. Она што ѝ се случува на Дева Марија, ќе се случи на сите оние кои го подражаваат нејзиниот пример и живеат богоугоден живот на скромност, љубов и смирение пред Божјата Волја. Преку неа, сите луѓе ќе бидат „благословени да бидат почесни од херувимите и неспоредливо послевни од серафимите“ доколку го следат нејзиниот свет пример. Уште повеќе, сите ќе имаат удел во вечниот живот на Божјото Царство.
По Христовото распнување, воскреснување, вознесение на небото и седнувањето оддесно на Отецот, таа поживеала на земјата уште 11 години. За неа се до нејзината смрт се грижел љубениот Христов ученик [[свети Јован Богослов]]. На Маслиновата Гора, на местото каде се вознел Христос, плачејќи се молела Бог да ја земе од овој свет. Тогаш ѝ се јавил Архангел Гавриил и ја известил дека по три дена (на 15.08./28.08) ќе биде упокоена. Тој ѝ донел една рајска гранка од палмово дрво, која светела со светлост од небесната благодат и која ќе се носи пред одарот на Божјата Мајка, како знак на тоа дека ја победила телесната и душевната смрт. И рекол дека: "Ќе помине во бесмртен живот за да живее вечно со Бесмртниот Цар на славата". Таа веднаш го известила за тоа светиот апостол Јован Богослов, а веста стигнала до апостолите и голем број христијани. Чудна сила ги донела 11-те апостоли при неа. Пред нив ја искажала предсмртната порака (која всушност е извршена), Нејзиното тело да биде погребено во Ерусалим, во Гетсиманската Градина, таму каде што била гробницата на Нејзините родители, светите праведни Јоаким и Ана и стариот праведен Јосиф.
Постои традиција на благословување на цветовите во православните храмови на овој празник
==Химнографија=====Тропар===
глас 1
:При раѓањето девството го зачува,
:и со Твоите молитви ги избавуваш од смрт нашите души.
===Кондак===
глас 2
:Во молитвите незаспана Богородица
:Оној што се всели во утробата секогаш-девствена.
===Задостојник===
глас 1
:Ангелите, Твоето упокоение Пречиста кога го видоа, се восхитија;