Празникот '''Успение на Пресвета Богородица ''' се слави на петнаесетиот ден од месец август (28 според новиот календар). Нему му претходи двонеделен Богородичен, или Преображенски пост. Овој празник го слави успението, [[воскресение]]то и прославувањето на [[Пресвета Богородица]], и нејзиното преселување во Царството Божјо во полнотата на нејзиното духовно и телесно постоење.
== Предание за празникот ==
[[Image:Dormition.jpg|frame|десно|Успение на Пресвета Богородица]]
Како што е случајот со празнувањето на рождеството на Пресвета Богородица, и нејзиното Воведување во Храмот, не постојат библиски ниту историски извори кои се поврзуваат со овој празник. Црковното Предание учи дека Богородица се упокоила како и сите луѓе, не своеволно, како нејзиниот Син, туку според нејзината смртна човечка природа сврзана со овој свет. Како и сите други празники посветени на Пресвета Богородица, православните христијани ги слават нивните животи во Христа и Светиот Дух. Она што ѝ се случува на Дева Марија, ќе се случи на сите оние кои го подражаваат нејзиниот пример и живеат богоугоден живот на скромност, љубов и смирение пред Божјата Волја. Преку неа, сите луѓе ќе бидат „благословени да бидат почесни од херувимите и неспоредливо послевни од серафимите“ доколку го следат нејзиниот свет пример. Уште повеќе, сите ќе имаат удел во вечниот живот на Божјото Царство.
:го спасуваш секогаш,
:Богородице, Твоето наследство.
[[Категорија:Празници]]