Промени

Прејди на: содржини, барај

Свети Наум Охридски

Додадени 2 бајти, 16:35, 3 јули 2008
с
Кратко житие
Тој го испратил свети Климент како учител во Македонија, а св. Наум останал во престолнината Плиска. Наум организира словенски просветен и книжевен центар за североисточните земји, но не во престолнината Плиска, каде што била резиденцијата на византискиот архиепископ на Бугарија, туку во блискиот словенски град Преслав. Преподобен Наум почнал да учителствува и проповеда во манастирот изграден во чест на свети Пантелеимон, близу Преслав (886-893).
В Во 893 г. на црковно-народен собор св. Климент бил ракоположен за епископ Белицки/Велички. Тогаш на негово место за учител бил назначен св. Наум. Цар Симеон Велики го испраќа преподобниот Наум во Кутмичевица. „Наум и Климент дојдоа во пределите илирски и лихнидски.” Тука свети Наум го возглавил просветителското дело, кое седум години го извршувале заедно со свети Климент.
Додека свети Климент во Охрид ги вршел светителските/епископските трудови, преподобен Наум изградил манастир во чест на Светите Архангели, на јужниот брег на Охридското езеро, кој станал извор на благочестие и прибежиште за бедните. Околу него се собрале многу монаси, бидејќи тој бил мудар учител, строг подвижник, чудотворец и молитвеник. Тој неуморно се трудел над преводот на Светото Писмо на словенски јазик. Заедно со светителот Климент тие биле наречени „нови Мојсеј и Арон.” Таму тој е подвизувал десет години и го завршил својот земен пат во 910 г, примајќи пред смртта монашки постриг.

Прегледник