78
уредувања
Промени
→Кратко житие
За животот и дејноста на св. Наум Охридски постојат оскудни податоци. Иако животниот пат на светите Климент и Наум Охридски во одредени периоди течат речиси идентично, св. Наум е во сенка во однос на св. Климент. Изворите од кои се црпат податоци за него се: двете словенски житија, грчкото житие, Панонските легенди и Пространото Климентово житие. Овие расположиви извори овозможуваат реконструирање на неговата животна врвица како просветител, духовник и мисионер.
Преподобен Наум Охридски бил еден од најблиските ученици и соподвижници на светите рамноапостолни Кирил и Методиј (спомен на 11/24 мај). Од својата младост тој ги следел учителите во Великоморавија и Панонија, каде што во текот на многу години (863-885) подвижнички живот им го проповедал Божјото слово на словенските народи на нивниот роден јазик. Преподобен Наум ги обучувал Словените словените во писменоста, ги распространувал богослужбените богослужебните книги, кои рамноапостолните браќа ги превеле од старогрчки јазик на словенски. Во 868 г. во Рим, папата Адриан II (867-872) го ракоположил преподобниот за ѓакон, а потоа тој го примил и чинот презвитер. Папата Адриан II го признал како богоугодно делото на Словенските учители, ги осветил словенските книги и благословил да се служи литургија на словенски јазик.
Најтешки искушенија поднеле свети Наум и другите ученици на свети Методиј по преставувањето на свети Методиј во 885 г., кога епископ Моравски станал непријателот дамнешниот непријател на словенската просвета – германот Вихинг. Проповедниците биле фрлени во темница, приковани во окови, подложени на мачење. По нивните молитви Господ јавил чудо: настанал земјотрес, ѕидовите на затворот паднале, оковите се скинале. Народот, кога го видел тоа, поверувал во светоста на затворениците, но Вихинг го прогласил Божјиот знак за ѓаволско дејство и го прогонил свети Наум со неговите соподвижници од Великоморавија.
Светите проповедници, движени од Божјата Промисла, творејќи многу чуда, стигнале до Дунав. Таму тие се разделиле на групи. Некои од нив тргнале кон Мизија, други во Дакија и Илирија, „умножувајќи „Божјото слово умножувајќи го насекаде Божјото слово стократно.”
Преподобен Наум заедно со светите Климент и Ангелариј отпатувале во Бугарија. Светиот бугарски цар Михаил (Борис), кој го покрстил својот народ во 865 г., со радост ги примил учениците на светите Кирил и Методиј. Тој им наложил да ги распространуваат и умножуваат словенските богослужбени и проповеднички книги. Преподобен Наум почнал да учителствува и проповеда во манастирот изграден во чест на свети Пантелеимон, близу Преслав.
==Химнографија==