Промени

Прејди на: содржини, барај

Свети Наум Охридски

Одземени 47 бајти, 16:35, 3 јули 2008
с
Кратко житие
Преподобен Наум заедно со светите Климент и Ангелариј отпатувале во Бугарија. Светиот бугарски цар Михаил (Борис) со радост ги примил учениците на светите Кирил и Методиј.
Тој го испратил свети Климент како учител во Македонија, а св. Наум останал во престолнината Плиска. Наум организира словенски просветен и книжевен центар за североисточните земји, но не во престолнината Плиска, каде што била резиденцијата на византискиот архиепископ на Бугарија, туку во блискиот словенски град Преслав. Преподобен Наум почнал да учителствува и проповеда во манастирот изграден во чест на свети Пантелеимон, близу Преслав (886-893).
Во 893 г. на црковно-народен собор св. Климент бил ракоположен за епископ Белицки/Велички. Тогаш на негово место за учител бил назначен св. Наум. Цар Симеон Велики го испраќа преподобниот Наум во Кутмичевица. „Наум и Климент дојдоа во пределите илирски и лихнидски.” Тука свети Наум го возглавил просветителското дело, кое седум години го извршувале заедно со свети Климент.

Прегледник