Преподобен Ор

Од Православна-енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Отшелник Тиваидски. Имаше преголем подвиг и достигна големо совршенство. Кога добро се утврди и се освети себеси во самотијата, тогаш постепено основа неколку манастири и беше извонреден духовен раководител и наставник на мнозина монаси.

Руфин, којшто го посети, вака го опишува: „Во својата облека тој личеше на Божји ангел, деведесетгодишен старец со долга брада бела како снег, со многу пријатна надворешност. Неговиот поглед светеше со нешто натчовечко.“ Повеќепати видел ангели Божји. Особено се трудеше никогаш да не изговори невистина. Имаше големи искушенија од демоните, но трезвено и храбро ги совлада сите. Се причестуваше секојдневно. Еднаш неговиот ученик го опомена дека е Воскресение и дека треба да се празнува. Кога го слушна тоа, тој излезе надвор, ги крена рацете кон небото и три дена помина во молитва без одмор. Па му објасни на ученикот: „Тоа и е празнувањето на Воскресението за монахот, да го возвиши својот ум и да го соедини со Бога.“ Се упокои во длабока старост, околу 390 година.


Изворниот материјал користен за креирањето на оваа статија е заштитена содржина © од Македонската Православна Црква.

Администраторите на страницата на Македонската Православна Црква го дадоа нивниот благослов за користење на овие материјали за потребите на Православната енциклопедија (од страна на администраторите и соработниците), при што е потребно да се нагласи изворната содржина, односно да се постави врска кон оригиналната страница.

Статијата може да биде променета и надополнета од страна на администраторите, соработниците и корисниците на OrthodoxWiki.