Осветување на храмот на Христовото Воскресение
Кога Светата царица Елена го пронашла Господовиот Крст во Ерусалим, во таа прилика се задржала подолго во овој Свет град и изградила цркви во Гетсиманија, во Витлеем, на Елеонската Гора, како и на други прославени места од овоземниот живот и подвиг на Исус Христос. А на Голгота, каде што и го пронашла Чесниот Крст, започнала да гради огромна црква под чијшто покрив се наоѓала и самата Черепница каде што беше распнат Господ, како и местото каде што Го погребаа. Светата царица сакала под едно место да ги соедини местото на Неговото страдање и местото на Неговата слава.
Но Елена се преставила кај Господ пред да биде завршен овој величествен храм. Кога го завршиле храмот, токму таа година Константин ја празнувал триесетгодишнината од своето царување. И така и осветувањето на храмот и прославувањето на царскиот јубилеј биле прогласени за истиот ден, 13 септември, 335 година. Во тоа време во Тир заседавал помесниот собор на епископите. И овие епископи, како и мнозина други, притекнале во Ерусалим на торжественото осветување на храмот на Воскресението Господово. И тогаш се востановил тој ден, како ден на победа и триумф на Христовата Црква, да се споменува празнично секоја година.
Изворниот материјал користен за креирањето на оваа статија е заштитена содржина © од Македонската Православна Црква.
Администраторите на страницата на Македонската Православна Црква го дадоа нивниот благослов за користење на овие материјали за потребите на Православната енциклопедија (од страна на администраторите и соработниците), при што е потребно да се нагласи изворната содржина, односно да се постави врска кон оригиналната страница. Статијата може да биде променета и надополнета од страна на администраторите, соработниците и корисниците на OrthodoxWiki. |