Манастир Ставроникита
Манастирот Ставроникита (грч. Μονη Σταυρονικητα) е еден од светогорските манастири. Во јерархијата на светогорски манастири го зазема 15-то место. Смештен е во источниот дел од Атонскиот Полусотров. Основан е во десеттиот век.
Името на манастирот, според Преданието, потекнува од пустинскиот отец Никита, кој во минатото живеел на местото кадешто денес е сместен манастирот, и таму се занимавал со ракоделие - производство на крстови. На тој начин, „Ставроникита“ значи „Крстот на Никита“. Првично, манастирот бил посветен на светиот Јован Крстител, но истиот бил целосно уништен во времето на Крстоносните војни.
Денешниот манастир е подигнат од Константинополскиот Патријарх Еремиј. Соборната црква, т.е. католиконот, е посветен на Свети Николај Чудотворец.