Главна страница

Од Православна-енциклопедија

Скокни на: навигација, барај
Св. Јован Дамскин, покровител на OrthodoxWiki
Св. влмч. Димитриј, покровител на Православната енциклопедија

Добредојдовте на OrthodoxWiki — онлајн православна енциклопедија со слободна содржина отворена за читање и менување. Таа има изданија на 10 различни јазици. Името OrthodoxWiki е кованица од Orthodox, грчки збор што значи „Правoславие“ и Wiki, хавајски збор што значи „брзо“ а бил присвоен да опише вид соработнички софтвер. Помогнете и вие, со взаемна вера, љубов и труд да го создадеме наjголемиот Православен информативен центар на македонскиот кибер-простор. Почнувајќи од јули ’2007, на OrthodoxWiki на македонски креирани се 581 статии. Доколку сакате, можете веднаш да се регистрирате или најавите и почнете да ги уредувате содржините на Православната енциклопедија. Редакцијата на OrthodoxWiki го избра Свети великомаченик Димитриј Солунски мироточив за свој небесен покровител и застапник во прославувањето на Пресветата Троица и пренесувањето на богатите ризници на Православната Црква. Небесен покровител на глобалниот проект е Свети Јован Дамаскин.

Ве молиме, одвојте дел од вашето време за да прочитате што е, а што не е OrthodoxWiki.

Други јазици: Англиски/English | Арапски/العربية | Бугарски/Български | Грчки/Ελληνικά | Романски/Română | Руски/Русский | Српски/Srpski | Француски/Français | Шпански/Español
Доколку сте заинтересирани да ја локализирате Православната енциклопедија на својот јазик, погледнете: тука.

прикажи ја страницата без посредство на серверска кеш меморија
Денес е 6 ноември:
Свети маченци Арета, Сисој и Теофил; Свети Елезвој, цар Етиопски; Икона на Пресвета Богородица: Радост на сите нажалени; Свети Зосим, старец Сибирски; Свети Елезвој Етиописки; Света маченица Синклитикија со двете ќерки; Свети Атанасиј, патријарх Цариградски; Преподобен Јован затворник П’сковско-Печерски; Преподобен Акакиј Ерменски; Преподобен Сенох, игумен Турски; Маченица Севастијана Хераклејска; Свети Маглориј.

Православието (грч: Ορθοδοξία) е животот во полнотата на вистината на Православната вера, оригинален и непроменет облик на Христијанство, вера која „еднаш е предадена на светите“ (Јуда 3,1), и која живее преку Светото Предание, непроменливо, а сепак динамично. Апостолската вера е основниот критериум на Православното учење, а историјата на Православието започнува со историјата на Христијанството, односно со настаните помеѓу Вознесението и Педесетницата, со која е означен и почетокот на Новозаветната Црква (грч. εκκλησία).

Пресвета Троица, Света Троица (грч. Αγία Τριάδα) е Единиот Бог во Три Лица. Православното учење за Света Троица не е само догматски канон или теолошка област за разгледување, туку и основното изрично учење за неискажливата и несфатлива љубов на Трите Ипостаси: Отец, Син и Свет Дух, Кои се творечка сепричина, извир, темел и центар на постоењето на сѐ што постои. Догмата за божеството на Троица е дефиниран на Вториот вселенски собор (Константинопол, 381 година) во првиот член (Отец), од вториот до осмиот член (Син) и во осмиот (Светиот Дух) член на Никео-Цариградскиот Символ на верата.

Христологијата (грч. Χριστόλόγια, од Χριστός - Помазаник; λόγος - наука) е област, односно една од поважните гранки на Православната теологија и догматика која се занимава со проучување на Втората Ипостас на Света Троица - Синот Божји, Христос Логосот; христологијата е сублимирано догматско учење за двете природи во едната Ипостас на Господ Исус Христос, кое е формулирање на Првиот (Никеа, 325), Четвртиот (Халкидон, 451) и Шестиот (цариград, 680) вселенски собор, преку синтеза на новозаветните податоци и патристичкото богословие. Во ранохристијанскиот период, борбата околу вистинското разбирање на Личноста на Исус Христос се одвивала помеѓу учењето на Црквата и различните еретички учења кои на разни начини се обидувале да навлезат во Црквата.

повеќе

Оти, со ништо друго смртта не е уништена, и прародителскиот грев не е простен, и адот не е опустошен, и воскресението не е дарувано, и сила нам не ни е дадена да го презреме сето она што е сегашно, па дури и самата смрт, и со ништо друго не е остварено искачувањето кон некогашното блаженство, и портите рајски не се отворени, и нашата природа не е седната на десната страна на Бога, и не сме постанале чеда и наследници Божји, отколку со Крстот на нашиот Господ Исус Христос. Сето тоа е остварено преку Крстот. Оти, сите кои во Христа се крстивме, вели Апостолот, во смртта Негова се крстивме (Рим 6,3). Зошто, вие кои во Христа се крстивте, во Христа се облековте (Гал 3,27). Христос, пак, е Божја сила и Божја премудрост (1 Кор 1,24). Но, видете, смртта Христова, односно Негово Распетие нѐ облече во ипостасната мудрост и сила Божја.

„Правилно излагање на Православната вера“ 4,11

Свети Јован Дамаскин

Категории и статии
Основни поими
Пресвета Троица, Бог Отец, Бог Син, Бог Свет Дух, Пресвета Богородица, Света Евхаристија, Свети Тајни, Православна Црква, Вовед во Православие
Литургика и Богословие
Аскетизам, Библија, Догматика, Западен обред, Обреди, Еклисиологија, Празници, Проповеди и трактати, Свети Тајни, Свето Писмо, Црковен календар
Светители
Англо-Саксонски светители, Американски светители, Библиски светители, Бугарски светители, Германски светители, Грузиски светители, Египетски светители, Карпато-руски светители, Келтски светители, Македонски светители, Маченици, Пустински отци, Романски светители, Руски светители, Свети отци, Свети апостоли, Сириски светители, Скандинавски светители, Српски светители, Француски светители
Црковна историја и Места
Временска линија на црковната историја, Вселенски собори, Ереси, Јудаизам, Јурисдикции, Канонско право, Манастири, Светилишта, Текстови, Храмови
Црковна уметност
Архитектура, Иконопис, Литографија, Мозаик, Музика, Одежди, Резба, Филигран, Фрескопис, Химнографија
Луѓе
Епископи, Еретици, Клир, Мисионери, Монаси и Монахињи, Современи автори, Цареви и императори, Царици и императорки
Друго
Библиографија, Врски, Донации, Етика, Наука, Милостиња, Организација, OrthodoxWiki, Речник, Помош, Тематски статии, Уредување на страница, Цитати, Црковен живот, Шаблони
Уредувачи и корисници

Нови корисници: Регистрирајте се · Најавете се · Заштита на личните податоци · Што е Православната енциклопедија?

Помошни страници: Помош · Трпеза · Портал · Содржина · Анкета · Корисници

Пребарајте: Сите страници · Категории · Икони · Вести · Соопштенија

Уредете: Водич за корисници · Креирање на нови статии · Упатство за уредување на статии · Неутралност при уредување · Често Поставувани Прашања


+ Слава My на Бога за сѐ +

Лични алатки
pan-wiki Google Пребарај