Бог Отец

Од Православна-енциклопедија
Скокни на: содржини, барај
Оваа статија е дел од серијата
Вовед во
Православието
Пресвета Троица
Бог Отец
Бог Син
Бог Свет Дух
Свето Предание
Свето Писмо
Символ на верата
Вселенски собори
Свети Отци
Литургија
Канони
Икони
Православна Црква
Еклисиологија
Историја
Свети Тајни
Уреди ја кутијата

Бог Отец (грч: Πατέρας Θεών), едно од трите Лица Божји, прва испостас на Света Троица. Бог Отец е Оној кој е нероден, и кој е начело на единството на Света Троица, беспочетен е, безусловен, нестворен, несоздаден, за разлика од другите две ипостаси на Света Троица (Синот е роден, Светиот Дух исходи). Во првиот член на Символот на верата, изразена е суштината на верата на Црквата во однос кон Бога Оца: "Верувам во едниот Бог Отец, Седржител, Творец на небото и земјката и се видливо и невидливо“. Бог Отецот Го родил Синот пред сите векови (Псалм 2,7; 2 Коринтјани 11,31); од Отецот исто така вечно исходи Светиот Дух (Матеј 11,27).

Создател

Отецот е Творец Кој го создал ангелскиот свет, како и овој свет, ниодшто (ex nihilo), или подобро речено, Тој создал сѐ што постои, освен самиот Бог, Кој постои од секогаш во вечноста. Бог Отецот ги создал сите нешта преку Синот, во Светиот Дух (Битие 1 и 2, Јован 1,3; Јов 33,4) и Христијаните се повикани да Го слават Него (Јован 4,23). Отецот не возљубил и Го испратил Својот Син да ни дари вечен живот (Јован 3,16).

Бог Отецот во иконографијата

Низ старозаветните списи непрекинато се повторува уверувањето дека не постои смртник кој го видел лицето Божјо, а останал жив. Од страв да не се види Господ, лицето најчесто се скрива со столб од облак, чад од кадилницата или мрак, Саваот се гледа од грбот, се слуша Неговиот глас или се наѕирнаат Неговите нозе, кои почиваат на камен престол од како небо син сафир. Иконите кои Го прикажуваат Бог Отецот не се во согласност со Седмиот вселенски собор. Бог Отецот не може да се види, и не може да се претстави. Постојат икони, каде Отецот е прикажан како старец со бела брада, понекогаш во горниот дел на други икони. Постоја руски икони на Пресвета Троица каде Христос и Отецот стојат на два престоли, и гулаб (алузија на Светиот Дух) е прикажан помеѓу Нив. Друг пример на антропомофрна икона на Бог Отецот Го прикажува Отецот како старец со бела брада, а Христос како мало момче стои во Неговиот скут, држејќи гулаб (повторно, символ на Светиот Дух).

Лични алатки
Именски простори
Варијанти
Дејства
Навигација
Интеракција
Donate

Please consider supporting OrthodoxWiki. FAQs

Алатник
Други јазици